Виви (езеро)
Виви (руски: Ви́ви) – езеро на реката Виви во југозападниот дел на висорамнината Путорана во Русија. Езерото се наоѓа во Сибир, административно му припаѓа на Евенкскиот Округ и Краснојарската Област. Тоа е типично речно езеро, долго 86 км, широко до 5 км, а неговата површина изнесува 229 км2[1].
Виви Ви́ви | |
---|---|
<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Неочекуван оператор *%; left: Грешка во изразот: Неочекуван оператор *%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;"> <div style="font-size: %; line-height: 110%; z-index:90; position: relative; top: -1.5em; width: 6em; Грешка во изразот: Неочекуван оператор *">Виви | |
Подрачје | Евенкски Автономен Округ |
Координати | 66°25′N 94°15′E / 66.417° СГШ; 94.250° ИГД |
Главни истеци | река Виви, должина 426 km |
Сливни земји | Русија |
Најг. должина | 88 км |
Најг. ширина | 1,5 – 5 км |
Површина | 229 км2 |
Надм. височина | 255 м |
Населени места | нема постојани населби |
Езерото има издолжен облик, а неговите брегови се обраснати со шума ариш. Езерото Виви сè уште е слабо истражено. На пример, непозната е неговата максимална длабочина. Истата се проценува на 80 до 200 м.
Подрачјето на Сибир е ретко населено, таков е случајот и со езерото на чии брегови нема постојани населби. Езерото е познато како географско средиште на Русија.[2] Центарот е обележен со споменик висок 7 метри, кој е подигнат во август 1992 година. Во близина е уште поголем крст кој му е посветен на свети Сергеј Радонежски.
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ (озеро в Красноярском крае
- ↑ „Географический центр России перенесли после воссоединения с Крымом“. ТАСС. Архивирано од изворникот на 2014-08-19.