Вештачка деформација на череп

Вештачката деформација на черепот е секаков вид облик на намерна деформација на човеков череп. Ова се прави како неправилен развој на човековиот череп преку употреба на сила. Најчесто овој вид на намерна деформација се извршувала на деца, но имало и случаи кога се вршеле вакви зафати и на возрасни лица.

Деформација на череп кај Инките.

Историја

уреди

Рани примери за намерна деформација на черепот датираат од пред 45.000 години пронајдени во Шанидарската пештера во Ирак.[1] Оваа практика не била широко распространета низ светот, но сепак може да се забележат преку археолошките истражувања поедини примери. Најраниот запис за намерна деформација на череп датира од 400 п.н.е.[2]

Методологија

уреди

Самата деформација се вршела уште од раните денови на новороденчето, веднаш после неговото раѓање па сè додека не се добиела саканата форма.[3] Најчесто околу черепот на детето се врзувале дрвени плочи кои помагале черепот да се развие во нестандардна форма.

Видови деформации

уреди
 
Черепи деформирани за естетски причини кои датираат од 260 до 300 година.

Денес не постои класификациски систем за черепната деформација. Голем број научници развиле свои посебни класификации за овој вид модификација, но ниту еден не се согласува за формите кои се добивале.[4]

Како и да е, според Е.В. Жиров во Европа и Азија можат да се забележат три видови черепни деформации:

  • округла деформација
  • фронто-окситална дефромација
  • сагитална деформација

Причини

уреди

Причините за извршување на вештачка деформација на череп се различни. Најчесто помеѓу научниците и истражувачите се користи хипотезата дека ваков вид черепна модификација се користела за да се одреди кој на која етничка заедница припаѓа.[5]

Наводи

уреди
  1. Trinkaus, Erik (1982). „Artificial Cranial Deformation in the in Shanidar 1 and 5 Neandertals“. Current Anthropology. 23 (2): 198–199. doi:10.1086/202808. Посетено на 2008-06-19.
  2. Gerszten and Gerszten, 1995.
  3. Dingwall, 1931; Trinkaus, 1982; Anton and Weinstein, 1999
  4. Hoshower et al., 1995
  5. Gerszten and Gerszten, 1995; Hoshower et al., 1995; Tubbs, Salter, and Oaks, 2006

Надворешни врски

уреди