Ветерис (Veteris, Vitiris, Vheteris, Huetiris, Hueteris) — келтско божество познато од бројни записи пронајдени низ Велика Британија. Се претпоставува дека тој бил бог на воените вештини,[1] а тоа го потврдува и фактот дека сите записи во чест и благодарност на овој бог биле посветени од мажи.

Етимологијата на името на Веретис не е со сигурност утврдена, но се претпоставува дека потекнува од пракелтски, од збор што значи воздух или од збор што значи храна.

Наводи уреди