Верски и културен преглед на отомански Манастир

книга од Роберт Михајловски, истражувач на римското, византиското и културното наследство од Мелбурн

Верски и културен преглед на отомански Манастир – книга од Роберт Михајловски, истражувач на римското, византиското и културното наследство од Мелбурн. Книгата е издадена од издавачката куќа Брил.[1]

Верски и културен преглед на отомански Манастир
АвторРоберт Михајловски
Изворен насловThe Religious and Cultural Landscape of Ottoman Manastır
ЗемјаМакедонија
Јазиканглиски
Предмет(и)Историја на верска архитектура и култура
ИздавачБрил
Издадена
2021
Страници323
ISBN978-90-04-46525-1

Во ова дело за османлискиот град Манастир (Битола), Роберт Михајловски дава детален приказ за развојот на исламската, христијанската и сефардската религиозна архитектура и култура како што се манифестира во градот и околината. Првично, град на работ на Виа Игнација, овој мал провинциски град постепено се развил во значаен административен, воен, верски, културен и интелектуален центар за Балканот; место кое негува прогресивни мултикултурни и мултиконфесионални вредности со значително влијание врз образувањето на современите балкански идентитети.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „The Religious and Cultural Landscape of Ottoman Manastır“. Брил. Посетено на 2 јули 2022.