Вермилион е македонска издавачка куќа[1] основана во 2006 година, насочена исклучиво кон децата и младите. Нејзината мисија е на децата и младите да им понуди приказни и идеи кои се истовремено забавни и поучни, кои поттикнуваат креативност и критичко размислување, ги прифаќаат различностите како извор на богатство а не на проблеми, и инспирираат културен дијалог и мир.

Вермилион
ВидПриватна
ДејностИздавачка куќа
Основано2006 во Скопје, Македонија
Седиште,
Мреж. местоwww.vermilion-books.info

Првото издание на Вермилион, книгата “Петар Пан во црвено” од Џералдин Макоркран (прво официјално продолжение на детската класика “Петар Пан” од Џемс Бери) беше издадена во април 2007 година[2]. Во превод на Марија Тодорова, книгата ја доби годишната награда „Златно перо“ 2007 за најдобар книжевен превод, што ја доделува Здружението на книжевни преведувачи на Македонија.

Од првото издание на Вермилион, 10% од цената на секоја продадена книга претставува донација за Институтот за белодробни заболувања кај децата - Козле.

Наводи

уреди
  1. „Издавачки куќи и книжарници“. Macedonia search. Посетено на 2010-01-25.[мртва врска]
  2. „ПЕТАР ПАН ВО АКЦИЈА ЗА ПОМОШ НА ДЕТСКОТО ЗДРАВЈЕ“. Култура во Македонија. 18/04/07. Архивирано од изворникот на 2010-01-28. Посетено на 2010-01-25. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Надворешни врски

уреди