Вера Благојевиќ
македонска писателка
Вера Благојевиќ (псевдоним: Vera M Samarjanin) — македонски хуманитарен работник и писател.
'Вера Благојевиќ' | ||
Родена | 16 март 1955 Битола, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | хуманитарен работник и писател |
Животопис
уредиВера Благојевиќ е родена во Битола на 16 март 1955 година. Таа е познат хуманитарен работник на овие простори. Добитник е на многубројни награди за хуманост и други признанија и благодарници. Во 2010 година е именувана за почесен конзул на Босна и Херцеговина во Битола . Во 2007 ја издаде првата едиција "Диктат од душата" со шест прозни дела. Едното од нив - "Беда и Сјај" - веќе има второ издание. Има напишано и неколку збирки со поезија, зборници и романите "Со љубов до страдание" издаден во 2014 година и "Чекори под патот" издаден во 2018 година.
Творештво
уредиЕдиција "Диктат од душата"
- Беда и сјај (раскази, 2007)
- Носталгија (раскази, 2007)
- Љубов и страданија (раскази, 2009)
- Осумдецениска тајна (раскази, 2009)
- Бадијалџии (д-р книж. форми, 2009)
- Чардак (раскази, 2009)
Едиција "Одблесоци на љубовта и мудроста"
- Детската фантазија, сон и вистина 1 (поезија, 2013)
- Детската фантазија, сон и вистина 2 (поезија, 2013)
Други дела
- Т'га за споменот (поезија, 2013)
- Со љубов до страдание (роман, 2014)
- Празнична бајка (поезија, 2016)
- Посвета во стих (поезија за деца, 2016)
- Два дена по празникот (поезија, 2016)
- Децата и бајките (поезија, 2016)
- Јоана во светот на бајките (поезија, 2016)
- Во светот на бајките (поезија, 2016)
- За сите деца со радост (поезија, 2016)
- Недоречено (поезија, 2016)
- Направи го редот (поезија за деца, 2016)
- Децата и бајките (поезија за деца, 2016)
- Насловете сами (поезија за деца, 2017)
- Азбука (поезија, 2018)
- Љубов и страв (поезија, 2018)
- Прошетка низ азбуката (поезија, 2018 - заедно со Марија Џоџа Симон и
Лила Арсова)
- Со посвета (поезија, 2018)
- На буква, на буква Ж-животно (поезија, 2018)
- Боите на детскиот свет (поезија, 2018)
- Растурената азбука (поезија, 2018)
- На буква, на буква Ж-животно (поезија, 2018)
- Порака за тебе (поезија, 2018)
- Сокакот (поезија, 2018)
- На дланка (поезија, 2018)
- Роденденски пораки (зборник, 2018)
- Поколенија (поезија, 2018)
- За добра ноќ (зборник, 2018)
- Родендени 9-1 (зборник, 2018)
- Радосница (поезија, 2018)
- Првиот учител (поезија, 2018)
- Роденденски пораки (поезија за деца , 2018)
- Чекори под патот (роман, 2018)
- Со почит кон Мајкa Tереза (поезија, 2018, заедно со Марија Џоџа Симон, Лила Арсова и Љубица Поповска)
- Дедо Мраз и кај нас (поезија, 2018)
- Јас и децата (поезија, 2018)
- Ема во бајките (поезија за деца , 2018)
- Радосница (поезија, 2018)
- Лузни (поезија, 2018)
- Ема во животинското царство (поезија за деца , 2018)
- Два дена по празникот(поезија за деца , 2018)
- Во светот на бајките (поезија за деца , 2018)
- A Madre Teresa in segno di gratitudine 2019,(поезија заедно со Марија Џоџа Симон, Лила Арсова и Љубица Поповска)
- Инсомнија (поезија 2019)
- Свештена бигорска обител (поезија за возрасни 2019)
- Покајание (поезија за возрасни 2019)
- Без спокој (поезија за возрасни 2019)
- Клопче(поезија, 2019)
- Тетратката триесет и три (кратка проза 2019)
- Со љубов за Мајка Тереза (поезија за возрасни 2019)
- Бура (поезија за возрасни 2019)
- Пауна 3 - поетите пеат (поезија за возрасни 2019)
- Возот на животот (проза 2019)
- Ема и Ана (поезија за деца , 2019)
- Неспокој (поезија за возрасни 2019)
- Steps under the road (роман 2020)
- Пауна 4 (поезија, 2020)
- Мојата улица (поезија, 2020)
- Нашите празници (поезија, 2020)
- Нашите празници. Кн. 2 (поезија, 2020)
- Аманет, љубов и гнев (поезија, 2020)
- Мајка Тереза значи љубов (поезија, 2020)
- Посвета со цвет ( поезија 2021)
- За денот на детето. 2 (поезија за деца , 2021)
- За денот на детето (поезија за деца , 2021)
- Велигденски празници (поезија 2021)
- Мајка (поезија 2021)
- Монографија за Цветин (проза 2021)
- МАКЕДОНСКИТЕ поети за Блаже Конески - група автори (поезија 2021)
- Ема и Ана (поезија, 2022)
- Растурената азбука (поезија, 2022)
- Монографија за Цветин : Живко Поповски-Цветин (ликовна уметност—Публикации 2021)
- Распеана азбука : А,Б,В,Г,Д,Ѓ,Е,Ж,З,Ѕ,И,Ј,К,Л,Љ,М,Н,Њ,О,П,Р,С,Т,Ќ,У,Ф,Х,Ц,Ч,Џ,Ш(поезија, 2022)
- Вера, надеж и љубов (поезија, 2022)
- Од дното на душата (поезија, 2022)
- ЗА Мајка Тереза 2022 (поезија, 2022) Едиција Моите внучиња
- Месеците во годината со Немања (поезија, 2022)
- Деновите во седмицата со Ивана (поезија, 2022)
- Ема и годишните времиња (поезија, 2022)
- Веселата математика на Ана (поезија, 2022)
- Ива и Неме (поезија, 2022)
- Звонко и Зоран во зимските сказни
- Со Милка низ азбуката (поезија, 2022)
- Ана и самовилите (поезија, 2022)
- Iva and Nemme / Vera M Samarjanin превод од македонски на англиски Катерина Џинева (поезија, 2022)
- Zvonko and Zoran in winter fairytales превод од македонски на англиски Катерина Џинева (поезија, 2022)
- ПРАЗНИЦИ, традиција и обичаи (поезија, 2022)
Наводи
уреди- Виртуелна библиотека на Македонија - http://www.vbm.mk/cobiss/ Архивирано на 29 јануари 2013 г.
- ODLUKA o imenovanju Vere Blagojević za počasnog konzula Bosne i Hercegovine u Republici Makedoniji i davanju suglasnosti za otvaranje Počasnog konzulata Bosne i Hercegovine u Republici Makedoniji sa sjedištem u Bitoli („Službeni glasnik BiH“ br. 10/10) - http://www.vijeceministara.gov.ba/akti/odluke/default.aspx?id=11288&langTag=hr-HR