Венецуелски Залив

залив во Јужна Америка

Венецуелски Залив (шпански: Golfo de Venezuela) — залив во Карипското Море опкружен со сојузните држави Сулија и Фалкон во Венецуела и департманот Гвахира во Колумбија. На југ е поврзан со езерото Маракаибо со проток долг 54 км.

Венецуелскиот Залив на карта.
Венецуелски Залив во рамките на Венецуела
Венецуелски Залив
Местоположба на Венецуелскиот Залив во Венецуела

Местоположба

уреди

Заливот е сместен во северниот дел на Јужна Америка, помеѓу полуостровите Парагвана во Фалкон (Венецуела) и Гвахира во Колумбија, поврзан со езерото Маракаибо со вешачки канал. Правата на заливот се предмет на повеќедецениски спор помеѓу двете држави и сè уште не е разрешен.

Историја

уреди

Венецуелскиот Залив првпат е откриен од Европјците во 1499 г. со походот на шпанскиот морепловец Алонсо де Охеда придружуван од италијанскиот истражувач Америго Веспучи откако ги одминале Холандските Антили и полуостровот Парагвана. Нивната задача била да ги истражат крајбрежјата на Венецуела и да им дадат имиња на новооткриените места.

Спорот за територијалните води во заливот води потекло од осамостојувањето на Колумбија и Венецуела од шпанска власт во XIX век. Шпанското Царство дотогаш немало исцртано граници на ова подрачје поради силниот отпор на домородниот народ Вају. Копнената граница е конечно договорена во 1941 г., но водната површина останува спорна.

 
Полуостровот Гвахира (лево) и Венецуелскиот Залив (во средина) на југот на Карипското Море.

Стопанско значење

уреди

Главната важност на заливот е неговата местоположба како врска помеѓу Карипското Море и езерото Маракаибо, богато со лежишта на сирова нафта. Заливот претставува сообраќајница во извозот на нафтата во светот.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

11°30′N 71°0′W / 11.500° СГШ; 71.000° ЗГД / 11.500; -71.000