Величествениот (филм од 1973)
„Величествениот“ (француски: Le Magnifique) — италијанско-француски филм на режисерот Филип де Брока (Philippe de Broca) од 1973 година. Автори на сценариото се: Де Брока, Виторио Каприоли и Жан-Пол Рапено (Jean-Paul Rappeneau). Главните улоги ги играат: Жан-Пол Белмондо (Jean-Paul Belmondo, Жаклин Бизе (Jacqueline Bisset) и Виторио Каприоли (Vittorio Caprioli).[1]
Синопсис
уредиФрансоа Мерлан (го игра Белмондо) е писател на шпионски трилери кој во своите книги ги вклучува личностите кои ги среќева во секојдневниот живот. Во една книга, тој е Боб Сен Клер, неговата соседка Кристин станува Татјана, а уредникот на издавачката куќа Жорж Шарон станува полковникот Карпоф...