Велешки мерак
„Велешки мерак“ — македонска народна песна, напишана од непознат автор во Велес.
„ „Велешки мерак“ | |
---|---|
Песна | |
Јазик | македонски |
Напишана | 1910 |
Објавена | ? |
Жанр | македонска народна музика |
Композитор(и) | непознат, со разни македонски народни песни |
Опис
уредиПесната е посветена на љубовта на Милан кон Стојна. Милан бил млад дурмаџија од Којник кој рано го изучил столарскиот занает и отворил свој дуќан на брегот на реката Вардар, крај Мало мовче, на местото кое некогаш било наречено Врежот. Таму со неговата тајфа која броела оклу 20-тина момчиња изработувале гемии но подоцна се најмувале и како гемиџии и упаравувале со гемиите до Солун каде ги расклопувале гемиите. Дрвото од гемиите го продавале како граѓа.Тоа им овозможувало добра заработка. Милан се оженил со неговата избраничка Стојна, ќерка на богатиот трговец Аџи Трајко. Милан морал да прифати да биде домазет во неговата куќа,ако сакал да се ожени со убавата Стојне. Свадбата била со велешката чалгија и се направила голема веселба. А народот ја опеал нивната љубов во песната. Песната има љубовен карактер.
Одлики
уредиМакедонските народни песни од секогаш биле поврзани со некој настан или некоја личност. Токму оваа вистинита народна велешка приказна е опеана во песна од народните гении, со цел да се вметне и да остане во колективната свест на народот.
Текст
уредиВелешки мерак
Ах, што мерак имам мамо, ах што мерак имам,
ах, што мерак имам мамо женет јас да бидам,
женет јас да бидам мамо, во влашкото маало.
Таму си заљубив мамо, таму си заљубив,
убавото Стојне мамо, љубов ми возврати,
само мене љуби мамо, срцето и пати.
Аџи Трајко дава мамо, пари неброени,
пари неброени мамо, стока немерена,
внуче да му трчка мамо, од ќерка порода.
Свадба ќе направам мамо, свадба ќе направам,
другари ќе канам мамо, сите Којничани,
сите Којничани мамо, сите гемиџии.
Тие ќе донесат мамо,чалгија да свири,
Тончовата тајфа мамо, на чардак да седи,
се` велешки песни пеат, песни за душата.
Ах, што мерак имам мамо, на Којник да шетам.
на Којник да шетам мамо и по Бузаана,
со млада невеста мамо и машка порода.
Кај тебе да дојдам мамо, внуче да си видиш,
внуче да ти седи мамо, в скутот да го држиш,
в скутот да го држиш мамо, старост да си видиш.