Велетовци (расказ на Иво Андриќ)
Велетовци (српски: Veletovci) - расказ на писателот Иво Андриќ.
Содржина
уредиПри крајот на Првото српско востание, притиснат од турската војска, ајдукот Стојан пребегнува во своето село Велетово, на границата меѓу Србија и Босна. Таму, тој се засолнува во една напуштена бегова кула, заедно со едно младо момче, но набргу Турците ја опколуваат кулата. Во престрелката, Турците го убиваат момчето, но Стојан нема намера да се предаде. Затоа, Турците го повикуваат стрико му на Стојан, стариот Милое, кој треба да го наговори да се предаде. Меѓутоа, во текот на ноќта, Милое го слуша разговорот меѓу Турците, кои се закануваат дека сурово ќе го мачат ајдукот. Поради тоа, Милое му порачува на Стојан никако да не се предава. Тогаш, Турците го убиваат старецот и повторно започнува нивната опсада на кулата. Меѓутоа, тогаш започнува големо невреме и Стојан ја искористува можноста за да побегне. Останувајќи со празни раце, Турците им ги сечат главите на младото момче и на старецот и ги испраќаат во Белград, како доказ дека е убиен познатиот ајдук Стојан. Така, Милое, кој живеел повлечен и мирен живот, на стари години станал ајдук.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Veletovci“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 151-159.