Александар Сашко Кукулев

Александар Сашко Кукулев е роден во Велес 01.04.1971 година, радиски новинар и водител(Радио Велес 1990-2008 година).Пошироката Македонска јавност го запознава по романите Патувањето на Петар Келемен (2009 година) во кој хронолошки ги опишува настаните пред, за време и непосредно после атентатот во Марсеј 1934 година, во кој е убиен српскиот (Југословенскиот) крал Александар караѓорѓевиќ. Романот Како избравме американски претседател[мртва врска] од 2019 година во издание на "Полица" - Скопје, во кој се опишани настаните од 2016 година кога неколку млади велешани, со помош на лажни вести, успеаа да се вмешаат во изборниот просец на Соединетите Американски Држави, по што Доналд Трамп стана претседател на САД. Неговиот трет роман Водена приказна во издание на "Стерна" од Скопје, во кој се говори за британскиот пилот на RAF Патрик МекКензи кој прв го истурил својот товар од напалм врз македонските села во Егејска Македонија, како и прехдните два романи доживеа фантастичен успех кај читателската публика.

Љубителите на поезијата го познаваат по четирите поеми Jazzза кого рецензија напиша Престедателот на Светската Академија на науките и уметностите Проф.Др. Иво Шлаус, Еригон дело за кое писателот Зоран Пејковски го нарече Александрит во Македонската поезија,,Дамата со неутрино во зениците и Необјавените стихови до Бохумила Вагнер како и Најубавата љубовна поезија на Рацин, за која ги избра и музички ги илустрираше стиховите.

Александар Сашко Кукулев пишува и сценарија за театар и филм.Филмската публика го препознава по сценариото за играно документарниот филм Последниот Македонец-патот до самоуништување[1] во продукција на Trinity production и театарската претстава Залезот на сенките, напишана заедно со Анита Даева, со благослов од Митрополитот Повардарски Г-дин Агатангел.

Александар Сашко Кукулев е сценарист на трилогијата Велес - срцето на Македонија, снимен за потребите на Македонската телевизија, а автор е и на Последното интервју со Бојка Вапцарова во 2002 година,за потребите на Радио Велес.

За својот досегашен ангажман добитник е на редица домашни и меѓународни признанија како што се Деветоноемврсиска награда на Општина Велес,Златна Корија на филмскиот фестивал во Крушево, Четири пати добитник на Златна плакета на Денови на Македонското радио во категоријата Рекламен радио спот и Драмска програма.

Александар сашко Кукулев е Магистер по односи со јавноста. Живее во Велес, работи во Министерство за култура во Скопје.

  1. Последниот Македонец - Патот до истребување | The Last Macedonian - Road to extinction, Посетено на 2023-02-02