Везилка (песна)
„Везилка“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески, објавена во 1955 година, како дел од истоимената стихозбирка (издание на „Кочо Рацин“).
Осврт врз песната
уредиВо разговорот со поетот Тодор Чаловски, Конески го објаснил значењето на прочуениот стих од „Везилка“ на следниов начин: „Тој израз проста и строга македонска песна го обврзува авторот и во смисла на откривање на можностите за комуникација со публиката. Тој, меѓу другото, содржи вакво значење: песната треба да биде доведена до проѕирен израз, и да кажува нешто многу сериозно. А јас мислам дека публиката токму таквите поетски текстови ги прифаќа. Оние што носат некоја важна порака и оние во кои таа порака нашла свој проѕирен, јасен израз.“[1]
Наводи
уреди- ↑ Иван Џепароски, „Предговор: Зборот и опитот кај Конески“, во: Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 8.