Уредување на мрежни места

(Пренасочено од Веб дизајн)

Уредување на мрежни места е процес на концептирање, планирање, моделирање, и извршување на електронски медија записи, кои се пренесуваат преку интернет во форма на технологиите кои одговараат за интерпретација и приказ на компјутер, преку интернет пребарувач или друг веб-заснован графички кориснички интерфејс.

Дел од мрежно место кое користи CSS-аранжаман.

Целта на семрежниот дизајн е создавање на мрежно место (збиирка на електронски документи, кои се наоѓаат на еден или повеќе опслужувачи) кој презентира разни содржини (вклучувајќи интерактивни алатки или услуги) кои крајниот корисник ги прегледува во форма на мрежно место.

Веб дизајнот на страната треба да ги задоволува барањата гледано од технолошки аспект,но исто така мрежното место треба да є доволно привлечно за да привлече што повеќе корисници, посебно од таргет корисниците за кои е наменет. Конкретно, за веб дизајнирањето како професија, односно модерна технологија со чие имплементирање се очекуваат поголеми бизнис ефекти, постојат одредени предуслови кои треба да се почитуваат од страна на луѓето кои се инволвирани во процесот на дизајнирање, доколку истото сакаат да го изработат на професионално ниво.

Седум правила на веб дизајнот

уреди
  • не ги прави работите само затоа што можеш

Денешнава веб технологија овозможува бројни алатки и опции кога е во прашање дизајнирањето на мрежно место, но дизајнерот треба да е внимателно селективен при нивната употреба. Многупати, одредена технологија може значително да го попречува перформансот на страната или иритира нејзините посетители. Најверојатно најточен и најстар пример што го поддржува ова правило, е таканаречениот "blinking tekst". Овој HTML таг, ( <blink> ) кој, за интернет корисниците добро познато, овозможува да текстот перманентно трепка, иако денес неодобрен за употреба од некои бровсери како IE 5.5 ( Интернет Експлорер ), беше најкористен, како новитет, од страна на веб дизајнерите во средината на 1990-тите. Корисниците пак брзо го изразија своето незадоволство од "текстот кој вознемирувачки трепка, без никаква опција да на нивно барање се исклучи". При користењето на нова технологија, дизајнерот треба да се запраша: "Дали нејзината употреба навистина ја подобрува функционалноста на страната или е искористена само како новитет?"

  • секогаш постои исклучок

Речиси и да не постојат апсолутности во процесот на веб дизајнирањето, па така недоволно функционална технологија за едно мрежно место, не значи неуспех и за друг вид на дизајн, во зависност од целта на нејзиното имплементирање. Како добар пример може повторно да посужи <blink> тагот, чие имплементирање на 99 проценти од мрежните места беше неуспешно, денес сѐ уште некои дизајнери го сметаат за корисна алатка, особено во случаи, каде, на пример "корисникот е инволвиран во процес на исплата, но заборава да го пополни полето на неговата адреса." Многупати се страните така дизајнирани, што една ваква грешка е прикажана во различни бои, најчесто црвена, но и самата страна доволно обоена при што,имплементирањето на "blinking text" би се покажало доста функционалнo.

  • ултиматумот го поставуваат корисниците

Никогаш нема недостиг на опции кога страната е во процес на веб дизајнирање и додека согласувањата помеґу дизајнерот и менаџерот на фирмата, за тоа како конкретно мрежно место треба да изгледа, аргументативно варираат - "крајната линија" ја исцртуваат целните корисници. Додека тие не разбираат или не им се допаґаат одредени аспекти на мрежното место, тоа е предвидено да ги задоволи токму нивните потреби.

  • дизајнерите треба постојано да се надградуваат

Професионалните веб дизајнери Архивирано на 18 декември 2014 г. треба да ги разберат и што е можно подобро да ги исползуваат световите на нивните сопствени дизајни, сеедно на тоа како се вклопуваат со естетичките верувања и станарди - каков треба да биде конкретниот дизан на мрежното место. Без разлика за што станува збор, јасно е дека за дизајнерот е што покорисно да има сè поголеми разбирања за технолошкиот аспект на процесот на дизаjнирањето. Добар е примерот со формите (важно е да се изгради интерактивна и едноставна за користење форма, но технолошкиот аспект никогаш не губи од важност ). Технички неспремниот дизајнер може лесно да западне во заблуда при создавање на форма која изгледа и работи одлично во I.E 5x, но драстично се развлекува хоризонтално или разобликува во Netscape 4x.

  • понизнооста е најдобар пристап

Секогаш ќе постојат дизајнери кои ќе создаваат поатрактивни страни, ќе имплементираат понова технологија или ќе ја имплементираат на поатрактивен начин. Доколку дизајнерот ја надмине својата или нејзината гордост, учењето од другите може да биде од голема корист.

  • неможно е сите да се задоволат

Сеедно колку дизајнерот е убеден во функционалноста и атрактивноста на мрежното место, од милионите интернет корисници, секој има свое сопствено мислење. Невозможно е сите да се направат среќни. Сепак постои разлика помеѓу настојувањето повеќето да се усреќат или сите, а притоа да се дизајнира мрежно место што нема да задоволи никого. Понекогаш дизајнерите навистина мораат да направат напори за да дизајнираат страна која ќе биде добра комбинација од двата аспекти на дизајнот: технолошкиот и естетскиот.

  • да се биде во тек со стандардите и спецификациите

Тие се менуваат и ќе продолжат да се менуваат, но дизајнерот треба најмалку да е информиран за последнте технолошки новитети кои имаат влијание врз работата во иднина. Пример е XHTML (eXtensable Hypertext Merkyp Language ) - иднината на HTML,кој за разлика од новитетите генерално, поддржан е од Netscape 2.0 и I.E 5.0 бровсерите, што значи и достапен на значителен дел од WWW публиката.

Трите веб дизајн филозофии

уреди

Еден корисен начин за разбирањето на дизајнот на повеќе од 20 милиони мрежни места кои денес постојат, е да се разделат истите на три засебни филозофии: корисност, мултимедија и оптимална комбинација. Во зависност од изборот на дизајнерот, било која од овие три филозофии, може на најдобар начин да ја исполни целта - комуникација со корисниците на најефективен начин . Додека првите две филозофии претставуваат таканаречен службен аргумент помеґу формата и функцијата, оптималната комбинација се однесува и на двете заедно.

Кога се согледуваат предностите и слабостите на веб дизајн филозофиите, дизајнерот треба да го согледа нивниот однос кон следниве три фактори на секоја страна :

  • естетика. Колку се професионални изгледот и смислата на мрежното место; дали се во сооднос со идентитетот на компанијата или поединецот?
  • корисност. Колку лесно и брзо може корисникот да ја најде и обработи потребната информација?
  • функционалност. Програмскиот дел треба да овозможи функционалност на страната - добра форма и достапност до базата на податоци.

корисност

уреди

Поимот корисност се однесува на каков било вид на мрежно место. Со него всушност се искажува степенот на едноставната интерактивност на мрежното место (да се обработи одредена задача) или поинаку кажано, овој пристап кон дизајнирање се стреми да ја задржи конзервативноста при изградбата на мрежното место, овозможувајќи го притоа едноставно корисен за скоро цела интернет публика. Еден од методите за да се постигне оваа цел, е да дизајнот се сведе на самата суштина ( зошто тоа мрежно место постои и на кој начин корисниците имаат полза од неговата посетеност ), особено минимизирање на графиците или сликите на мрежното место. Дизајнерите кои ја следат филозофијата на корисност сметаат дека графиците го комплицираат, повеќе отколку што олеснуваат комуникацискиот процес. Исто така се насочени кон дизајнирани мрежни места, достапни за сите прелистувачи.

[1] - врска кон мрежно место фокусирано на оваа филозофија и кој содржи само HTMLлиннкови во боја, без графици. Има толку малку во овој дизајн што би можело да предизвика недоразбирање при обработка на било кој тип на прелистувачи.

За било кој аспект на животот постојат разнолики точки на гледишта. Веб дизајнот не е исклучок. Така и оваа филозофија, со своето најконзервативно место во дизајнерскиот спектрум, наидува на свои противници. Не секој дизајнер се согласува со претерана упростеност на визуелноста на мрежните места кои вака дизајнирани, изгледаат на оние од '90те години. Освен визуелноста, a во согласност со 4то правило кое се однесува на техничките вештини на дизајнерот, постојат и важни 'технички и нон-технички аспекти' при дизајнирањето на „корисно“ мрежно место :

  • времето поминато за download треба да е што пократко
  • навигацијата треба да е интуитивна
  • доследна веб терминологија и метафора, како и "shoping cart" с-м,треба да се имплементирани
  • напишанатa содржина треба да е јасна и концизна на намената на страната
  • страната треба да се тестира од страна на повеќе корисници, на повеќе видови бровсери
  • достапноста за корисниците да е со минимални можности за пречки

Секој кој "сурфа" на интернет се сложува дека пребарувањето и наоѓањето на информации треба да е многу брзо и лесно, а една од целите на филозофијата на "корисност" е да ги задоволи сите корисници иако според 6то правило тоа не возможно.Како што нивниот број расте, така и самото мрежно место станува "премногу досадно","комплициран","шарен или конзервативен", во зависност од префернциите на корисникот.

Ґрафиците сепак можат да го направат мрежното место покорисно од четири причини:

  • вечатоците што мрежното место ги остава при негвата посета, односно идєнтитеттот на страната, најпрво ги остава визуелниот изглед

Корисникот потсвесно оформува мислење при првата посета на мрежното место. Треба да се биде повеќе креативен и да се имплементира барем пар 1 -KB до 2-KB графици кои драстично би ја измениле мрежната страница во позативна смисла бидејќи максимална упростеност може да го натера корисникот да се посомнева во професионализмот и озбилноста на сопствениците на мрежното место (фирма или поединец).

  • мозокот побрзо обработува слики отколку текст

Сликите ја намалуваат фрустацијата на корисникот кој е приморан да чита текст чија содржина може да се запази со едно погледнување во сликатa.

  • графиците, заедно со сликите, го водат окото на корисникот кон саканото одредиште

Посебно е корисно кога сака да се наметне приоритизирана содржина на мрежното место.

  • графичката технологија ја поддржува функционалноста

Квалитетна апликација на "imersive imaging" - технологија како QuickTime, QuickTime VR and Java VR, со која е овозможен 360° поглед на предмети и места со опции на зумирање, анимации на снимки ,линкови кон сцени кои се составен дел од главната сцена и ротирање, е пример кој може да се искористти во овој контекст.На пример, доколку некој разгледува хотел за престој во Дубровник, илјадници зборови ќе се заштедат со само едно погледнување во внатрешноста на собата на одреден хотел. Но не треба да се заборави дека сликите поддржани со оваа технологија бараат подолго време за download па за да се овозможи достапноста на мрежното место и на корисниците со послаба интернет врска, традиционалните фотографии треба да се земат како алтернатива.

мултимедија

уреди

На другиот крај од дизајнерскиот спектрум е филозофија на мултимедија. Мултимедиските мрежни места се нарекуваат уште и Flash мрежни места бидејќи се создадени со Macromedia Flash софтвер. Тие користат анимации, аудио ( MP3 технологија ) и видео за да имаат повисок степен на интерактивност.

'Некои од предностите на овој вид дизајн се :'

  • мултимедија е вектор - математички заснована технологија што овозможува повисок степен на збиеност и можност за менување на големината на сликите без да се наштети на нивниот kвалитет
  • изучувањето на нејзините спецификации, во просек, е слично со HTML и CSS
  • комуницира повеќедимензионално преку анимации, видео и графици

'Мултимедиските мрежните места се непрактични од неколку причини :'

  • бровсерите мора да имаат plug-in за интерпретација на графици или мрежното место
  • тешко се интегрира со базата на податоци за разлика од постоечката веб технологија - ASP, ColdFusion and JSP pages
  • не се од корист за bitmap или GIFs графици
  • нивното имплементирање е поскапо
  • на нив може да влијае брзината на компјутерскиот процесор

Оптимална комбинација

уреди

Овој поим ја презентира комбинацијата на графици, функционалност и текст заедно инкорпорирани во брзо, корисно и флексибилно мрежно место. Иако до неоодамна се чинеа нестварни, со откривањето на Adobe PhotoShop и Image Ready , Equilibrium Debabelizer и Macromedia Fireworks, ваков вид на дизајн постанува реалност. Оптималнатa комбинација во дизајнирањето подразбира висок степен на познавање на неговите аспекти повеќе отколку софтверско специјализирање. Оваа разлика му овозможува на дизајнерот на креативен начин да ги имплементира сликите, HTML и CSS, што резултра со доста побрз, пофункционален дизајн. За многумина дизајнери овоj дизајн претставува најдобро решение за делотворна комуникација со корисниците на веб.

  • Според Андре Агаси : сликата е се

брзо, корисно и флексибилно мрежно место остава силен впечатôк при првите импресии на посетителите.

  • со имплементирање на повисок степен на графичка визуелност, а помалку текст, корисниците побрзо ги запознаваат идеите, концептот и емоциите инволвирани во процесот на дизајнирање

традиционалните, низ време докажани, аспекти на графичкотo дизајнирање - теорија на боите; уредување, дизајнирање и модифицирање на буквите, односно типографија; и самиот дизајн на страната- се од голема корист.

  • за да се изгради една ваква страна е особено лесно за искусните веб дизајнери затоа што технологијата не е новитет

потребно е креативно, едноставно и практично работење со постоечките HTML и CSS техники.

  • добро осмисленото мрежно место во „оптимална комбинација“ може лесно да биде проширено и изменето од статично, во динамично мрежно место поттикнувано до водено на податоци

Но иако овој вид на дизајн, ги задоволува барањата на повеќето мрежни места во светот сепак не одговара комплетно, односно се соочува со истите битни проблеми како и претходните два пристапи :

  • не може динамично да ја менува својата големина на разлините барања на резолуцијата на мониторите на денешните PS (пр. 640x480, 800x600, 1024x768, 1152x864 )
  • исто како кај мултимедија, има потреба од plug-in за користење на анимациите, во некои случаи и аудио
  • нивниот дизајн е ограничен од познавањата на дизајнерот : можеби ќе изгледа слично во WYSIWYG

( what you see is what you get editor ), но ако не е едноставна за користење или долго се download, не спаѓа во овој вид дизајн - "делотворна оптимална комбинација" - на мрежно место