Вебер (единица)
Вебер (симб: Wb, Вб) — единица за магнетен тек од системот SI. Густина на текот од еден Wb/m2 (еден вебер на квадратен метар) изнесува една тесла.
Единицата го носи името на германскиот физичар Вилхелм Едуард Вебер (1804–1891).
Дефиниција
уредиПомали | Поголеми | |||||
---|---|---|---|---|---|---|
Вредност | Симбол | Назив | Вредност | Симбол | Назив | |
10−1 Wb | dWb | децивебер | 101 Wb | daWb | декавебер | |
10−2 Wb | cWb | центивебер | 102 Wb | hWb | хектовебер | |
10−3 Wb | mWb | миливебер | 103 Wb | kWb | киловебер | |
10−6 Wb | µWb | микровебер | 106 Wb | MWb | мегавебер | |
10−9 Wb | nWb | нановебер | 109 Wb | GWb | гигавебер | |
10−12 Wb | pWb | пиковебер | 1012 Wb | TWb | теравебер | |
10−15 Wb | fWb | фемтовебер | 1015 Wb | PWb | петавебер | |
10−18 Wb | aWb | атовебер | 1018 Wb | EWb | ексавебер | |
10−21 Wb | zWb | зептовебер | 1021 Wb | ZWb | зетавебер | |
10−24 Wb | yWb | јоктовебер | 1024 Wb | YWb | јотавебер | |
Најзастапените содржатели се задебелени. |
Веберот може да се дефинира во однос на Фарадеевиот закон, кој го утврдува односот помеѓу промената на магнетниот тек (флукс) низ затворен круг и електричното поле околу кругот. Промената на текот од еден вебер индуцира напон (електромоторна сила) од еден волт во секунда.[1]
Официјално,
Вебер (единица за магнетен тек) — Вебер е магнетниот тек кој, во затворен единечен круг, ќе произведе електромоторна сила од 1 волт ако се намали на нула по рамномерна стапка за 1 секунда.[2]
Изразено во основни SI-единици, димензиите на веберот се (kg·m2)/(s2·A). Може да се изрази и со други изведени единици како тесли на квадратен метар (T·m2), волтсекунди (V·s) и џули на ампер (J/A).
- 1 Wb = 1 V·s = 1 T·m2 = 1 J/A = 108 Mx (максвели).
Наводи
уреди- ↑ „вебер“ Архивирано на 17 декември 2013 г. - Лексикон на македонскиот јазик, он.нет
- ↑ „CIPM, 1946: Решение 2 / Дефиниции на електричните единици“. Решенија на Меѓународниот комитет за тегови и мерки (CIPM). Меѓународно биро за тегови и мерки. 1946. Посетено на 29 април 2008. (англиски)