Вања Гуша
Вања Гуша (роден на 28 јули 1966 година) е српски кошаркарски тренер.
Раниот живот
уредиГуша е роден во Задар, СР Хрватска, СФР Југославија од родители Срби. Започнал да игра кошарка во младинскиот систем на неговиот роден тим Задар. Меѓутоа, неговото семејство подоцна побегнало во Белград, на почетокот на југословенските војни.[1]
Тренерска кариера
уредиМладински тимови
уредиГуша работел како младински тренер за тимови од Белград како: Беовук 72 (1993–1995; 2003–2007), Беобанка (1996–1999), Авала Ада (2000–2003), ФМП Железник и Црвена звезда.[2] Тој освои два меѓународни јуниорски турнири на Најк (НИЈТ) со тимот на ФМП Железник до 18 години (2008, 2009).[3][4]
Сениорски тимови
уредиВо август 2013 година, Гуша отишол во Кувајт.[5] Тој бил помошник тренер на Казма од кувајтската дивизија I лига. На 23 јули 2016 година, тој бил именуван за главен тренер на Ал Кувајт СЦ.[6]
На 13 јули 2017 година, Гуша бил именуван за главен тренер на Златибор од Кошаркарската лига на Србија.[3][7] Тој се разделил со Златибор во февруари 2019 година [8]
На 4 февруари 2021 година, Гуша станал главен тренер на црногорскиот тим Теодо Тиват.[9][10] Сепак, тој се разделил со Теодо пред неговото деби. На 13 февруари, ФМП го ангажирал Гуша како нов главен тренер.[11][12] Тој го напуштич ФМП по завршувањето на сезоната 2020-21.[13]
Младински репрезентации
уредиГуша бил главен тренер на селекцијата на Србија до 16 години која го освоила сребрениот медал на првенството на ФИБА Европа до 16 години во 2013 година во Киев, Украина.[14] Следната година, тој бил главен тренер за репрезентацијата на Србија до 17 години, која го освоила бронзениот медал на Светското првенство на ФИБА до 17 години во 2014 година во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. На двата турнира, Гуша тренираше играчи како Стефан Пено и Вања Маринковиќ.
Во 2015 година, Гуша бил главен тренер на српскиот универзитетски тим на Летната универзијада во Гвангжу, Јужна Кореја.[15] Неговиот тим завршил на 9-тото место со скор 6-2. Исто така, Гуша беше тренер на машки тим за Европскиот младински олимписки фестивал (2011–2013).
Во февруари 2019 година, Гуша потпишал со Кошаркарската асоцијација на Бахреин како главен тренер за јуниорската репрезентација на Бахреин.[16][17]
Достигнувања во кариерата
уреди- Победник на Купот на Српската лига : 1 (со Златибор : 2017–18)
- Шампион на меѓународниот јуниорски турнир Најк : 2 (со FMP до 18 години : 2007–08, 2008–09)
- Европски младински олимписки фестивал 2011 година : Сребрен
- Европски младински олимписки фестивал 2013 година : Златен
Наводи
уреди- ↑ „Vanji se steglo u guši: Ključale su emocije, morao sam da ih sakrijem od igrača“. mozzartsport.com. Посетено на 14 March 2021.
- ↑ „Vanja Gusa - SLA Profile“. sports-leader-agency. Посетено на 4 November 2017.
- ↑ 3,0 3,1 „Vanja Guša novi trener košarkaša Zlatibora“. zoomue.rs (српски). Посетено на 4 November 2017.
- ↑ „Biografije selektora mlađih selekcija Srbije“. kosarka24.com (српски). Посетено на 4 November 2017.[мртва врска]
- ↑ „Vanja Guša ide u Kuvajt“. novosti.rs (српски). Посетено на 4 November 2017.
- ↑ „Coach Vanja Gusa (EX Kazma) agreed terms with Al Kuwait SC“. asia-basket.com. Посетено на 4 November 2017.
- ↑ „Vanja Guša novi trener košarkaša Zlatibora“. radioluna.rs (српски). Архивирано од изворникот на 2019-03-06. Посетено на 4 November 2017.
- ↑ „Derbi u Beogradu, Sloboda bi da konačno obezbedi Superligu“. mozzartsport.com. Посетено на 4 March 2019.
- ↑ „Teodo dobio trenera: Vanja Guša vodi Tivćane“. sportski.me. Посетено на 14 February 2021.
- ↑ „Teodo ima novog trenera“. feral.bar. Посетено на 14 February 2021.
- ↑ „FMP appoint Vanja Guša as new head coach“. aba-liga.com. Посетено на 14 February 2021.
- ↑ „Vanja Guša novi trener FMP-a“. nova.rs. Посетено на 14 February 2021.
- ↑ „Vanja Guša više nije trener FMP“. mozzartsport.com. Посетено на 1 June 2021.
- ↑ „Serbia at U16 European Championship Men - DIVISION A 2013“. fibaeurope.com. Посетено на 4 November 2017.
- ↑ „Zlato se kuje na Dalekom istoku: Mogu li srpski košarkaši na Univerzijadi da najave berićetnu godinu?“. mozzartsport.com. Посетено на 14 February 2021.
- ↑ „SPORTS WRAP: Gusa to coach basketball team“. gdnonline.com. Архивирано од изворникот на 2022-02-15. Посетено на 4 March 2019.
- ↑ „Basketball squad set for Arab clash“. gdnonline.com. Посетено на 14 February 2021.
Надворешни врски
уреди- Профил на тренерот на eurobasket.com