Вајна Пичку, Уајна Пикчу или Хуајна Пикчу[1] (кечуански: Wayna Pikchu - „млад врв“)[2][3] е планина во Перу која се наоѓа околу реката Урабамба. Планината се наоѓа веднаш над Мачу Пикчу, каде изградиле пат, населба и храмови. Врвот на Вајна Пикчу е на 2720 метри надморска височина или околу 360 метри повисок од Мачу Пикчу.

Вајна Пикчу
Wayna Picchu
Поглед кон Вајна Пикчу над Мачу Пикчу.
Највисока точка
Надм. вис.2720 м
Истакнатост360 м
Друго имеWayna Picchu
Географија
Вајна Пикчу на карта

Карта

ПокраинаПеру
Матичен венецАнди
Врвот на Вајна Пикчу

Според локалните водачи, врвот на планината бил седиште на високите свештеници и локални девици. Секој ден, според верувањата, висок свештеник со мала група луѓе ќе слезел до Мачи Пикчу за да го објави новиот ден. Храмот на месечината, еден од трите светилишни места на Мачу Пикчу, се наоѓа на оваа планина и е на помала надморска височина одошто Мачу Пикчу.

Туризам

уреди

Бројот на дневни посетители на Вајна Пикчу е ограничен на 400. До врвот се стигнува преку искачување на стрмен терен и поради тоа има дополнителна опрема како на пример кабли за држење. За време на дождливата сезона ова наоѓалиште е затворено. Од врвот има пат кој води кон Храмот на месечината.[4]

Наводи

уреди
  1. Последните две се според шпански правопис.
  2. Teofilo Laime Ajacopa, Diccionario Bilingüe Iskay simipi yuyayk'ancha, La Paz, 2007 (Quechua-Spanish dictionary): wayna - adj. s. m. Joven. Hombre que está en la juventud. pikchu - s. Pirámide. Sólido puntiagudo de varias caras. || Cono. Ch'utu.
  3. Diccionario Quechua - Español - Quechua, Academía Mayor de la Lengua Quechua, Gobierno Regional Cusco, Cusco 2005: wayna - s. Joven, mozo, adolescente, hombre de 18 a 30 años. SINÓN; q'aqo. pikchu - s. Geog. Pirámide. Cerro o prominencia de base ancha que termina en puntas afiladas. Waynapikchu - s. Arqueol. (Cerro o pico joven) Grupo arqueológico ubicado en la cresta del cerro del mismo nombre, ... Waynapikchu - s. Zool. (Oncideres poecila Bates) Escarabajo serruchador. Orden coleóptera. Familia cerambyeidae. Escarabajos pequeños o grandes, aplanados o cilíndricos con antenas largas, pinzas bucales poderosas que cortan ramas de naranjos, paltos y cacaoteros. || Bot. (Galactia speciosa) Planta herbácea de la zona de ceja de selva.
  4. „The Temple of the Moon“. Peru Culture. Архивирано од изворникот на 2011-03-13. Посетено на 2010-12-05.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

13°09′27″S 72°32′50″W / 13.15750° ЈГШ; 72.54722° ЗГД / -13.15750; -72.54722