Васка Дудин
Васка Дудин (родена на 1975 во Скопје) — македонски ликовен уметник.[1]
Васка Дудин | ||
Роден | 1975 Скопје, Македонија | |
---|---|---|
Занимање | сликар |
Животопис
уредиДудин е родена во Скопје во 1975 година. Има завршено факултет за ликовна уметност во Скопје во класата на Симон Шемов. По завршување на академијата била на студиски престој во САД и Италија. Таа неколку години била организатор на приватната ликовна колонија Дојран-Дудин, а реализирала неколку самостојни изложби. Меѓу другите, самостојни изложби има остварено во САД, Холандија, Франција и Босна и Херцеговина. Таа е добитник на наградата Димитар Кондовски за сликарство за 2010 година.[2] Во нејзиното творештво преовладува модното дизајнерство, што е една од формите на нејзиното уметничко изразување. Живее и твори во Неготино.