Васил Зограф

иконописец и зограф од Струмица

Васил (Василак) Георгиев Зограф — македонскио зограф и иконописец кој творел во втората половина на XIX век.

Анастас Зограф
Роден(а)Струмица, Османлиско Царство
НационалностМакедонец
Занимањеиконописец, зограф
Значајни делаво текстот
РодниниГеорги Велјанов (татко)
Иконата на Исус Христос од црквата „Св. Мина“ во Ќустендил, 1860 г.

Животопис

уреди

Роден е во Струмица. Бил син на истакнатиот зограф и градител Георги Велјанов. Васил работел во втората половина на XIX век.[1] Автор е на некои од иконите во црквата „Св. Константин и Елена“ во Раклиш кај Радовиш.[2] Фреските на црквата „Св. Константин и Елена“ во делчевско Разловци од 1859 г. се дело на Васил. Иконите на црквата се од XIX век, дело на Григориј Пецанов, Васил Зограф и непознати автори.[3] Васил во црквата ги насликал и иконите на царот Константин и царицата Елена.[4]

Негови се по една икона во црквите „Св. Константин и Елена“ во струмичкото село Моноспитово и „Успение на пресв. Богородица“ во Секирник, исто така во Струмичко.[5] Работи и в „Св. Атанасиј“ во Прждево, Демиркаписко.[6]

Автор е на иконите на Богородица и Христос, поставени на иконостасот на црквата „Св. Мина“ во Ќустендил. Васил се потпишал и на двете икони, датирани од 1860 г. На иконата на Богородица напишал: „Азъ Васілъ Зуграфъ отъ Струмница: 1860 Помѧни Гди еснафъ дулгерскій поклониха за душевно ихъ спасеніе“, а на онаа на Исус Христос – „Азъ Васілъ зѡ Ст(р)умница 1860. Помѧни Гди еснафъ ковачкій поклониха за душевное ихъ спасеніе[1]

Најверојатно негови се и иконите во црквата „Св. Теодор Тирон“ во Совољано, Ќустендилско. Иконата на Богородица во оваа црква е речиси идентична со истоимената икона на Васил Зограф, работена истата 1860 г. за „Свети Мина“. Иванка Гергова го нарекува Васил Зограф „многу интересен мајстор“ и смета дека во неговите икони има орнаментика која потсетува на делата на Данаил Штипјанецот, кој две години подоцна изработил икона за истата ќустендилска црква.[7] Според Гергова можно е Данаил да го познавал зографот или дури и да бил негов ученик, или ученик на татко му.[7]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Василиев, Асен (1965). Български възрожденски майстори: живописци, резбари, строители. София: „Наука и изкуство“. стр. 289.
  2. „Радовишко архиерејско намесништво“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 7 април 2014. Посетено на 17 април 2014.
  3. „Трботивишка парохија“. Брегалничка епархија. Архивирано од изворникот на 27 март 2014. Посетено на 17 април 2014.
  4. Апостолски, Михаило (1878). Македонија во источната криза 1875-1881. МАНУ. стр. 664.
  5. Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 219–220.
  6. Чаловска, Емилија Апостолова (2022). „Осврт на преродбенската црковна архитектура во Струмичкиот. Регион“ (PDF). Македонски фолклор (81): 219.
  7. 7,0 7,1 Гергова, Иванка (2010). „Зограф Данаил Щиплията“ (PDF). Патримониум. 7 - 8: 425–426.