Варух (библиска книга)

девтероканонска книга од Стариот завет

„Книга на пророкот Варух“ — книга од Стариот завет.

Содржина

уреди

Во петтата година по освојувањето на Ерусалим, во Вавилон, пророкот Варух им ја пренесува божјата порака на Јехониј, синот на јудејскиот цар Јоаким, и на Јудејците. Притоа, големците и насобраниот народ собираат сребро и им го испраќаат на свештенциите во Ерусалим. Посланието на пророкот Варух содржи молитва до Бога да им ги прости гревовите и да ги избави од ропството, како и пофалба на божјата мудрост, со уверување дека Господ ќе ги врати Јудејците во татковината, а Ерусалим повторно ќе доживее слава.[1]

Наводи

уреди
  1. Свето писмо на Стариот и на новиот завет (трето издание). Свиндон: Британско и инострано библиско друштво, Скопје: Македонска книга, 1998, стр. 1020-1025.