Варде (на дански: Varde Å) — река на полуостровот Јиланд, во Данска. Со должина од околу 40 километри, е трет најдолг водотек во Данска чие сливно подрачје има површина од 1,088 квадратни километри. Реката тече низ општините Варде и Есбјерг, формирајќи ја границата меѓу нив по делови од своето течение.

Реката Варде во Варде

Реката Варде настанува со спојувањето на вливот на реките Гриндстед и Ансагер. Околу 300 метри (303 м) низводно од таа точка, поголемиот дел од течението на реката е пренасочено преку јаз во каналот Ансагер од каде се влева во вештачкото езерод Карлсгарде и се користи за производство на хидроелектрична енергија во Хидроелектраната Карлсгарде во близина на Варде. Реката продолжува да тече околу градот Вар и се влева во заливот Хо Буг, северно од Есбјерг.

Варда е единствената голема приливска река во Данска чиј излез не е регулиран со насипи и влезни порти. Како резултат на тоа, реката останува под влијание на природните сили; на пример, плимата и осеката во заливот кои влијаат и на нивото на водата и на протокот на вода во горното течение па сè до истеката од езерото Карлсгарде.