Вампирските дневници: Борбата
Вампирските дневници: Борбата (англиски оригинал: The Vampire Diaries: The Struggle) е вториот дел од серијалот Вампирските дневници од американската авторка Л. Џ. Смит, за првпат објавен во 1991 година.
Оригиналната корица на англиски јазик | |
Автор | Л. Џ. Смит |
---|---|
Изворен наслов | The Vampire Diaries: The Struggle |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Серијал | Вампирските дневници |
Жанр | Младинско-возрасна, вампирска, хорор |
Претходна | Вампирските дневници: Будењето |
Следна | Вампирските дневници: Бесот |
Приказната
уредиВтората книга продолжува каде што завршува Будењето, и раскажува понатаму за обидите на Дејмон да ја добие наклонетоста на Елена и борбата на Стефан да преживее. Кога Стефан исчезнува, Елена го наоѓа Дејмон и се соочува со него на гробиштата, знаејќи дека тоа ќе биде опасно. Дејмон тврди дека го убил Стефан претходната ноќ. Елена ја тера Бони да се поврза со мислите на Стефан и со помош на Мет Ханикат, тие го наоѓаат Стефан во бунар, блиску до смртта. Елена го спасува Стефан давајќи му од нејзината крв.
Елена исто така разменува крв со Дејмон, правеќи таен договор со него што го чува скриен од Стефан, знаејќи дека овој нема да се согласи, обидувајќи се да го направи со двата брата истото што Кетрин се обидела да го направи пред многу векови.
Додека го чека Стефан една вечер, Елена чувствуа како присуство во бурата да доаѓа по неа, и френетично се обидува да избега поминувајќи го мостот преку реката. Колата, што таа ја има позајмено од Мет, излетува од мостот во реката, и таа почнува да се дави.