Вампирските дневници: Будењето

Вампирските дневници: Будењето (англиски оригинал: The Vampire Diaries: The Awakening) е првиот дел од серијалот Вампирските дневници од американската авторка Л. Џ. Смит, за првпат објавен во 1991 година.

Вампирските дневници: Будењето
Оригиналната корица на англиски јазик
АвторЛ. Џ. Смит
Изворен насловThe Vampire Diaries: The Awakening
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
СеријалВампирските дневници
ЖанрМладинско-возрасна, вампирска, хорор
СледнаВампирските дневници: Борбата 

Приказната уреди

Елена Гилберт ја започнува својата последна година во училиштето во Фелс Черч заедно со нејзините пријатели, Мередит Сулез, Бони Мекалоу, Керолајн Форбс и Мет Ханикат. Керолајн бргу станува конкуренција на Елена за позицијата Најпопуларна девојка. Привлечно, ново момче, Стефан Салваторе, исто така стапува на сцената. Сите девојки го сакаат неговото внимание, но тој ги одбива сите. Ова ја шокира Елена, која никогаш не била одбиена од момче претходно. Стефан му се придружува на средношколскиот рагби тим со Мет.

Низ присеќавања, ние дознаваме дека Стефан е вампир кој е роден во ренесансата во Фиренца. Таму тој се вљубува во девојка од Германија, Кетрин фон Шварцчајлд, која била претворена во вампир од страна на друг вампир, Клаус, кога била болна и на умирање. Иако Стефан се надевал да се омажи со Кетрин, нивната романса била закомплицирана кога заводничкиот, постар брат на Стефан, Дејмон Салваторе, се појавил. Иако Кетрин му кажала на Стефан дека го сакала, таа изгледа исто така била заинтересирана за Дејмон, на романтичен начин. Кетрин била вистинска двојничка на Елена. Вампирите преживуваат на сончева светлина кога носат лапис лацули. Кетрин има прстен од лапис лацули и злато.

Во меѓувреме, голем број мистериозни и застрашувачи настани се случуваат во Фелс Череч. Голем гавран покажува необично однесување за птица. Елена и нејзините пријатели чувствуваат заканувачка сила што ги тера да бегаат од старите гробишта на градот, а Елена си ја губи траката за коса во бегството. Бездомен маж е нападнат и речиси исцеден од крв. Стефан искусува состојби на бесознание и се плаши дека тој ги напаѓал луѓето додека запаѓал во тие состојби, иако не се сеќава на ништо такво кога се буди.

Елена осмислува различни шеми да го придобие Стефан, но Стефан ја избегнува. Таа го потсетува него на Кетрин и тој е во искушение да и ја испие крвта. Елена најпосле го фаќа Стефан на тесно за време на прославата за Домашниот танц. Таа верува дека тој нема да може да ја обдие нејзината покана да танцува со неа, Домашната кралица. Меѓутоа, придружничка за таа вечер на Стефан му е Керолајн, која го уништува планот на Елена. За да покаже дека не е повредена, Елена го напушта танцот со Тајлер Смалвуд и Дик Картер, две момчиња кои се во рагби тимот и кои се покажале како непријателски расположени кон Стефан во минатото. Друга девојка, Вики Бенет, заминува со нив.

Четворицата одат на гробиштата си поиграат со надгробните статуи на Хонорија Фел и Томас Фел. Елена перципира како една од статуите се движи и открива празен простор под неа, но никој друг не ја дели нејзината визија. Пијаниот Тајлер сексуално навалува на Елена. Стефан се појавува и ја спасува Елена со тоа што го претепува Тајлер. Стефан ја носи Елена во неговиот пансион за да може да се исчисти пред да ја однесе дома. Елена се соочува со Стефан и го прашува зошто ја избегнувал. Неговиоте одговори се двосмислени, но тие се фаќаат за раце и се бакнуваат, момент во кој Елена е сигурна дека ја нашла нејзината романтична судбина. Кога Стефан ја вози Елена дома, таа дознава дека Вики била најдена како лута на патот, изгребена и врескајќи дека била нападнета од некоја натприродна сила. На збунетост од страна на Елена, Стефан изгледа како да е оддалечен од неа емоционално.

Следниот ден Стефан се обидува да раскине со Елена, но таа не му дозволува да го стори тоа. Без тој да знае, таа отвора мало ковчеже во гардероберот на Стефан и ја наоѓа траката за коса што ја изгубила кога бегала од гробиштата првата недела од училиште. Ова ја убедува дека тој бил заљубен во неа уште од тоа време. Таа пишува за траката за коса и за романсата во нејзиниот дневник, исто така забележувајќи дека Стефан сè уште изгледа како да крие нешто од неа.

Елена, Бони и Мередит ја планираат Опседната куќа за прославата на Ноќта на вештерките. Светилките се гасат и заводливо момче со факултетска возраст влегува. Тој речиси ја убедува Елена да го бакне покрај нејзината љубов кон Стефан. Кога таа обива, тој вели дека можеби конечно ја нашол девојката која ја барал. Тогаш исчезнува.

Елена го носи нејзиниот дневник на пижама парти со Мередит и Бони. Тие држат нема вечера во која Елена го поканува нејзиниот иден маж да влезе во куќата на Бони. Таа не го гледа Стефан, туку се појавува заводливото момче со факултетска возраст. Тој цитира поезија и се обидува да ја бакне Елена. Главата на Елена плива и речиси потклекнува, но таа успева да одолее. Момчето реагира со лутина, но заминува кога Елена му кажува да го стори тоа. Елена дознава дека кучето на Бони неочеувано умрело за време на немата вчера и дека нејзинот дневник е украден. За време на следните неколку недели, Елена станува сè позагрижена за тоа како Стефан се оддалечува од неа и тоа што чува тајни. На пример, тој носи предмет на ланец околу неговиот врат, скриен под неговата облека, а тој одбива да зборува за тоа. Тој се чувствува прогонуван и тажен. Елена е одлучна повторно да се зближи со Стефан и да го убеди да и верува сосема. Затоа што Стефан влегува во конфликт со професорот по европска историја, господинот Танер, на првиот училиштен ден и го поправи за тоа како тинејџерите се однесувале за време на ренесансата, Елена планира да носи Ренесансен костим за бал како нејзин костум за Ноќта на вештерките. Таа верува дека тоа ќе го придобие Стефан кон нејзе. Но, на нејзино запрепастување, рекацијата кога Стефан ќе ја види во фустанот е шок.

За време на Опседнатата куќа, на господин Танер му е доделена улогата на крвав труп. Оваа бара од него да биде покриен со лажна крв и со нож кој лежи недалеку; тој треба да се исправи неочекувано и да ги исплаши посетителите. Кога Бони ги води посетителите да го видат крвавиот труп, меѓутоа, таа открива дека господин Танер всушност е мртов и навистина прекриен во крв. Паничен резултат. Тајлер им кажува на сите дека убиецот веројатно е Стефан Салваторе бидејќи чудното насилство започнало во Фелс Черч во времето кога Стефан пристигнал во градот. Логичниот сомнеж се шири многу бргу низ толпата. Елена праќа предупредување до Стефан преку Мет, и Стефан бега во пансионот за да се подготви за напуштање на Фелс Черч. Елена го следи и го наоѓа Стефан на покривот од пансионот со крв размачкана на неговие усни, неговите песјаци продолжени и мртви птици покрај неговите нозе. Во шок, таа паѓа од покривот, но Стефан скокнува по неа и ја фаќа на полпат. Елена е неповредена.

Елена најпосле бара објаснување. Стефан и кажува дека тој станал вампир кога тој и Дејмон двајцата ја претиснале Кетрин да се омажи за нив. Кетрин им кажала дека ќе го направи изборот меѓу нив и таа ноќ дошла кај Стефан и го претворила во вампир. Стефан верувал дека тој е избраникот. Следниот ден, меѓутоа, таа им кажала на Стефан и Дејмон дека дошла во креветите и кај двајцата и дека и двајцата ги претворила во вампири. Таа и на двајцата им дала прстени и им рекла дека очекува сите да си живеат засекогаш среќни како тројка. Стефан и Дејмон го обдиле планот на Кетрин и барале таа да избере еден меѓу нив. Кетрин почнала да плаче. Следниот ден, тие го нашле нејзиниот празен фустан во градината полн со пепел. Белешка во близина им кажала дека таа го извадила својот прстен лапис лацули и се самоубила со цел да ги зближи браќата повторно. Запрепастени и обвинувајќи се меѓусебе, Стефан и Дејмон тогаш одржале двобој со мечеви. Дајмон го прободел Стефан низ срцето. Кога Стефан паднал и Дејмон се наведнал над него, Стефан го прободел Дејмон исто така фатално. Двајцата браќа на тој начин биле фатени трајно во нивната вампирска состојба. Стефан бил закопан со прстенот на Кетрин и покрај Дејмон. Кога двјацата се разбудиле, тие се разделиле со страв и збунетост. Стефан живеел од животинската крв на улиците на Фиренца, додека Дејмон кој станал моќен војник, се вратил и му се заканил дека ќе го убие ако не замине. Тие се гледале на кратко од тоа време, со постојаните закани на Дејмон дека ќе го убие Стефан. Стефан исто и објаснува на Елена дека вампирите имаат Моќ што ја вклучува способноста да влијание и да читаат мисли, способноста да се претвораат во животни и способноста да влијаат врз времето. Дејмон пие човечка крв и затоа е помоќен од Стефан, кој се обидува да живее морално со тоа што пие само животинска крв. Лапис лацули ги штит вампирите од сончева светлина. Мистериозниот предмет што Стефан го носи околу неговиот врат се открива дека е прстенот на Кетрин.

Елена го разубедува Стефан кој чувствува голема вина, дека тој не е одговорен за смртта на Кетрин ниту на Дејмон. Таа исто така го убедува Стефан дека тој не е одговорен за насилството во Фелс Черч како што тој се плашел. Таа сега може да го индетифицира Дејмон како заводливото момче со факултетска возраст кој речиси ја убеди да го бакне. Штом Дејмон е во Фелс Черч и е злобен, Елена смета дека Дејмон мора да е одговорен за насилството. Тој не се покажал себеси затоа што се обидувал да го натера Стефан тој да се обвинува. Стефан го сфаќа аргументот на Елена како убедилв. Преку протестите на Стефан, Елена тогаш го убедува Стефан да се напие од нејзинатакрв со цел да ја избришат и последната граница меѓу нив.

Откако ја враќа Елена во нејзиниот дом, Стефан оди во шумата и ја користи својата Моќ да го повика Дејмон кој се појавува. Дејмон признава дека го убил господин Танер и му кажува на Стефан дека тој мора да ја напушти Елена и да му ја препушти нему затоа што тој ја сака за себе. Стефан одбива. Кога Дејмон го пушта Стефан, Стефан се обидува да се врати до својата кола, но е нападна од позади, по што тој паѓа во бесознание.

Следниот ден Елена открива дека Стефан исчезнал. Бесна и сигурна во тоа кој треба да биде обвинет, таа оди на гробиштата и го повикува името на Дејмон со цел да го повика него самиот. Со тоа завршува првата книга.