Вампирските дневници: Бесот

Вампирските дневници: Бесот (англиски оригинал: The Vampire Diaries: The Fury) е третиот дел од серијалот Вампирските дневници од американската авторка Л. Џ. Смит, за првпат објавен во 1991 година.

Вампирските дневници: Бесот
Оригиналната корица на англиски јазик
АвторЛ. Џ. Смит
Изворен насловThe Vampire Diaries: The Fury
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски
СеријалВампирските дневници
ЖанрМладинско-возрасна, вампирска, хорор
ПретходнаВампирските дневници: Борбата 
СледнаВампирските дневници: Мрачно соединување 

Приказната

уреди

Третата книга се занимава со прилагодувањето на Елена на нејзиниот вампиризам, како и со нејзинтата збунетост поради љубовта што ја чувствува кон двата брата. Стефан ја наоѓа Елена мртва, и верува дека силата што ја гонела бил Дејмон. Тие се борат, а во средината на борбата, Елена се разбудува и го напаѓа Стефан - затоа што Дејмон и дал на Елена повеќе од неговата крв во размената и во согласност со тоа таа Стефан го гледа како закана за нејзиниот создател. Тие ја прекинуваат борбата, Стефан е со скршено срце претпоставувајќи дека нејзиниот напад на него значи дека таа го сака Дејмон повеќе, а Дејмон се обидува да расчисти се, бидувајќи многу љубезен и рационален кон Елена.

Сè уште грижејќи се за Елена, без разлика дали го сака или не, Стефан го убедува Мет да ја нахради Елена со крв за да и помогне, оставајќи го Мет во шок поради тоа што таа станала, исто така од откритието дека Стефан речиси го убил Тајлер и неговите пријателчиња, оставајќи ја Керолајн неповредена. Дејмон ја остава Елена на таванот во куќата на професорот по историја во „Роберт Е. Ли“ поради нејзина безбедност, а таа се разбудува неколку денови подоцна на сопствената погребна церемонија. Откако ќе го прочита нејзиниот дневник, сеќавањата на Елена се враќаат јасно и таа е пресреќна и и олеснува кога Стефан и опростува. Но другата Моќ презема контрола над животните во Фелс Черч, доведувајќи многумина да се откажат од нивните миленичиа. Елена ги убедува браќата да работат заедно за да ја запрат оваа моќна сила.

Додека мораат да останат надвор од патот на новиот ловец на вампири во градот (новиот професор, Аларик Салцман), Стефан, Дејмон, Елена и нејзините пријатели го бараат изворот на темното присуство што го презема градот, а за кое тие се сомневаат дека стои зад смртта на Елена. Тие го наоѓаат одговорот во гробот на Хонорија Фел, и се открива дека е Кетрин, која всушност не умрела пред многу векови како што мислеле браќата. Наместо тоа, таа ја исценирала својата смрт, натерувајќи ја слугинката да донесе пепел од кујната, да ја расфрла по нејзиниот фустан, и да го стави прстенот lapis lazuli одозгора, додека таа направила уште еден, правејќи да изгледа како да се убила. Од тогаш, Стефан живеел со вината за нејзината смрт, додека Кетрин го поминала времето собирајќи бес. Таа одлучила да се одмазди, и е љубоморна на Елена за „крадење“ на љубовта на двајцата браќа. Кетрин открива дека таа е онаа која ја нападнала Вики и ја натерала Елена да излета од мостот. Сите се мачени брутално, а го завршува тоа турнувајќи ја Кетрин во светлината од гробницата, додека неуспешно се тргнува од светлината доволно брзо. Таа умира на крајот, велејќи дека сака и двајцата браќа да и ветат дека ќе се грижат за себеси, бидејќи Дејмон често е неразберен, и дека таа сака соперништвото помеѓу браќата да заврши, исто така кажувајќи му на Стефан дека го сакала и дека не сакала тоа да се случи, предизвикувајќи болка за него каква што предизвикала и Кетрин.