Вал Гранде (национален парк)

Националниот парк Вал Гранде (италијански: Parco Nazionale della Val Grande) е заштитено подрачје кое е сместено во Пиемонт, на север во Италија, на границата со Швајцарија. Најзабележителен е по убавите пејзажи на Високите Алпи.[1]

Географија

уреди

Паркот е до провинцијата Вербано-Кузио-Осола и се дели на десет општини: Аурано, Беура-Кардеца, Капрецо, Косоњо, Вале Канобина, Интрања, Малеско, Миазина, Премосело-Киовенда, Сан Бернарџи Вербано, Санта Бернардино . Тронтано и Вогоња.[1]

Паркот целосно лежи во одводниот слив на реката По. Се наоѓа измеѓу долината Вигецо на северот, долината Канобина на северозапад, долината Осола на југозапад и езерото Маџоре на југоисток.[2] Паркот не е населен и е често опишуван како и „најголемата дивина на Алпите“.[3]

Вал Гранде и Вал Погало, две главни долини во паркот, при што првата долина се протега на југоисток, а втората се протега на југ, ги долеваат и двете главните реки во паркот. Овие долини се спојуваат во Торенте Сан Бернардино, притоката на езерото Маџоре. Поголемиот дел од површината на паркот е пошумен.

Историја

уреди

Овчарите го населувале Вал Гранде од 13 век, а и производството на дрва било активно од 15 век. Меѓутоа, на крајот на Втората светска војна целото население ја напуштило областа, по акциите на германските војници против италијанскиот отпор во областа во јуни 1944 година. Идејата да се создаде национален парк во Вал Гранде почнува од 1953 година. Во 1967 година, областа била означена како строг природен резерват и станала првата област за заштита со овој статус во италијанските Алпи. Во 1974 година, Здружението Италија Ностра направи подетален план за формирање национален парк, а во 1980-тите започна и подготовката. Паркот е основан на 2 март, 1992 година. Во јуни, на 24, 1998 година, површината на паркот била проширена.[1][4]

Туризам

уреди

Почнувајќи од 2012 година, паркот имал три центри за посетители (сместени во Санта Марија Маџоре, Косоњо и Премосело-Киовенда), два музеи[5] и многу голем број маршрути за природата, кои требале да бидат проследени со водич.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Parco Nazionale della Val Grande“. Ente Parco Nazionale Val Grande. Посетено на 25 May 2013.
  2. „Mappa“ (италијански). Official site of the National Park. Посетено на 25 May 2013.
  3. „Parco Nazionale de Val Grande“ (италијански). L'Associone Italiana nelle Wilderness. Архивирано од изворникот на 3 March 2016. Посетено на 29 May 2013.
  4. „La storia del Parco“ (италијански). Parco Nazionale Val Grande. Посетено на 1 June 2013.
  5. „Museums and Visitor Centers“. Val Grande National Park. Посетено на 5 June 2013.