Валкири (во еднина валкира, од старонордиски: valkyrja) или валкирии (едн. валкирија) — митолошки суштества од нордиската митологија и поезија, кои биле воинствени девици божици во придружба на богот Один, и кои им помагале на јунаците во борбите и ги носеле душите на паднатите војници во Валхала (рајот) каде што ги служеле на гозбите.

Јунакот Хелги со валкирата Зигрун

Во доменот на митологијата, валкирите всушност одлучувале која страна ќе ја добила битката.