Валентино (филм)
„Валентино“ (анг. Valentino) е биографска драма на режисерот Кен Расел (анг. Ken Russell), лабаво заснована на животот на Рудолф Валентино (анг. Rudolph Valentino). Филмот се заснова на книгата „Валентино, интимно експозе на Шеикот“, напишана од Чо Манк (анг. Chaw Mank) и Бред Стајгер (анг. Brad Steiger).
Непосредно по објавувањето, филмот се соочувал со критички и комерцијален неуспех, веројатно поради уметничките (драматички) интервенции околу животот на Валентино. Кен Расел ја опишал одлуката да го сними филмот како најголема грешка во неговата кариера. Буџетот на филмот изнесувал 5 милиони долари[1].
Заплет
уредиФилмот започнува со секвенца од филмски журнал, која го покажува хаосот настанат од прераната смрт на филмската ѕвезда Рудолф Валентино (толкувана од Рудолф Нурејев (анг. Rudolph Nureyev) на само 31 година. Илјадници обожаватели се собираат во погребалниот дом сè додека не се воспостави ред. Во тој момент на оплакување се појавуваат важните жени од животот на Валентино, кои се присеќаат на него преку навраќање во минатото.
Наводи
уреди- ↑ Gruen, John (October 2, 1977). „Nureyev as Valentino: 'I May Be a Huge Flop': Nureyev as Valentino“. The New York Times. New York City, New York. стр. D1.
Оваа статија филм е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |