Валавница во Бистрица
Валавница во Бистрица (општина Петровац на Млави), има статус на споменик на културата.[1] Изградена е кон крајот на 19 век во атарот на селото Бистрица, малку надвор од населбата, во месноста наречена Љештар и припаѓала на семејството Томашевиќ, а се користела за преработка и валање на ткаенина. Таа имала правоаголна форма со димензии 7,70 x 4,30 м. Била изградена делумно од кршени речни камчиња и делумно од дрвени штици а малтарена со малтер од кал. Покривот е на две води. едниот дел е покриен со ќерамидни, а другиот дел има бибер плочка.
За разлика од другите валалници кои се наоѓаат во селото и имаат една просторија, оваа валавница има две соби. Едната од нив служела за живеење во времето на обработката на ткаенината, а другиот се користел за преработка на материјали. Овој втор дел е направен од дрвени штици. Содржел котел за загревање вода, сандак, столбови и чекани. Чеканите се поврзани со систем на лостови со надворешно големо дрвено тркало. Дотекот на вода од јазот била на висина од околу 3 м. во однос на тркалото, од внатре се регулирал со лост на чиј крај има сечило, кое ја отвора и затвора водата.
Ваљавица била рехабилитирана во осумдесеттите години со средства на Република Србија, но денес повторно е запуштена.
Поврзано
уреди- Список на споменици на културата во Браничевската област
- Споменик на културата од големо значење
Наводи
уреди- ↑ „Републички завод за заштиту споменика културе Смедерево/Ваљавица у крају званом Љештар у атару села Бистрица“. Архивирано од изворникот на 28 декември 2014. Посетено на 26 декември 2014.
Надворешни врски
уреди- „Ваљавица во Бистрица - културни споменици во Србија“.САНУ (на српски).
- Републички завод за заштита на спомениците на културата - Белград Архивирано на 6 февруари 2021 г.
- Список на споменици
- Републички завод за заштита на спомениците на културата-Белград / База на недвижен културен имот