Ваза со булки
Творец | Винсент ван Гог |
---|---|
Година | 1886 |
Димензии | 56,0 см × 46,5 см |
Место | Водсворт Атенеум, Хартворд, Конектикат |
Вазна со булки — маслена слика од 1886 година, создадена во Париз, Франција од постимпресионистичкиот холандски уметник Винсент ван Гог.[1]
Цвеќиња како тема
уредиЦвеќињата биле тема на многу слики на Ван Гог во Париз, а оваа од неговите многубројни наклонетости најмногу се должи на неговата љубов кон цвеќињата.[2] Како што им рекол на своите браќа Тео ван Гог и Кор ван Гог, „Ќе видите дека со тоа што ќе направите навика да гледате јапонски слики, ќе ви се допадне да правите букети и да правите уште многу работи со цвеќиња“.[3] Неговата сестра Вил, Винсент ја советувал да ја обработува сопствената градина, како Кандид од Волтер, за да најде радост и смисла во животот.[3] Откако го напуштил Париз и се населил во Арл, Ван Гог ја насликал својата втора група Сончогледи во 1888 и 1889 година. Неговите слики на сончогледи во вазни се меѓу неговите најпознати слики.[4]
Цвеќиња испраќани до Ван Гог во Париз
уредиВо Париз пријатели и познаници секоја недела му испраќале букети цвеќе за неговите слики мртва природа.[2] Тој, исто така, купувал евтини букети, бирајќи цвеќиња во различни бои за неговите слики. Во писмото до неговата сестра Вил тој напишал: „Минатата година не сликав речиси ништо освен цвеќиња за да можам да се навикнам на други бои освен сивата - розова, нежно или светлозелена, светлосина, виолетова, жолта, славноцрвена“. Тоа било претерување - за време на својот престој во Париз насликал 230 слики, од кои околу 30 биле цвеќиња. Сепак, забелешката ја покажува неговата насоченост за сликање цвеќиња како тема и за дополнително да го развие своето ценење и разбирање на бојата.[3]
Сомнеж и проверка
уредиСликата, Ен Периш Таицел во 1957 година ѝ ја подарила на постојаната збирка на Водсворт Атенеум. Нејзината автентичност била доведена во прашање од историчарот на уметност Валтер Фајлхенфелд во 1990 година. Била прогласена за оригинална од Музејот Ван Гог во Амстердам, откако Водсворт ја испратиле на проверка за да се утврди дали е дело од раката на уметникот или измамник.[5] Рендгенската снимка на сликата го покажала обрис на портрет на маж под сликата на цвеќето, а музејот го прогласил делото доследна со другите слики што Ван Гог ги создал кога се преселил од Антверпен таа година.[6]
Наводи
уреди- ↑ Vincent van Gogh: Vase with Poppies, 1886, Vincent van Gogh.org, Посетено на 12 January 2022
- ↑ 2,0 2,1 Mancoff, D (1999). Van Gogh's Flowers. London: Frances Lincoln Limited. стр. 32. ISBN 978-0-7112-2908-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Mancoff, D (1999). Van Gogh's Flowers. London: Frances Lincoln Limited. стр. 26, 29. ISBN 978-0-7112-2908-2.
- ↑ Morton, M; Schmunk, P (2000). The Arts Entwined: Music and Painting in the Nineteenth Century. New York: Garland Publishing. стр. 177–178. ISBN 0-8153-3156-8.
- ↑ „Disputed Painting Is a Real van Gogh, Researchers Say“. The New York Times. Associated Press. 24 March 2019.
- ↑ Katz, Brigit (26 March 2019). „After 30 Years of Doubt, a Painting of Poppies Is Authenticated as a van Gogh“. Smithsonian Magazine. Посетено на 29 May 2024.
Надворешни врски
уреди- Vase with Red Poppies на Ризницата ?