Википедија:Критики кон Википедија
Главните точки кои ги опфаќаат критиките кон Википедија се тврдењата кон начинот на уредување. Со други зборови, се критикува слободното и отворено уредување на Википедија и тоа ја прави Википедија неавторска и неверодостојна, криејќи факти и вистини.
Неколку контраверзии за Википедија го привлекло и вниманието на медиумите.
Критики кон содржината
уредиРоберт Мек Хенри, поранешен главен уредник на Енциклопедија Британика, вели дека Википедија се нарекува енциклопедија, но не може тоа да го стори бидејќи самиот збор „енциклопедија“ побарува ниво на авторство и веродостојност. Тие две работи не можат да се применат за Википедија поради нејзината отвореност и отворено уредување на референци. Според Мек Хенри:
„ | Обичен корисник, немирот и несигурноста кои можат да се вметнат под површината на статиите на Википедија се очигледни. Тој или таа доаѓа на некоја статија од Википедија преку Google, можеби, и гледа дека е дел од нешто што се нарекува енциклопедија. Ова е збор кој носи можна конотација на веродостојност. Типичен корисник не знае како енциклопедија ја достигнува веродостојноста.[1] | “ |
Неутралноста на Википедија
уредиКонцептот на неутрална гледна точка, кој се смета за принцип за кој не се преговара[2] бил исто така критикуван како невозможен идеал поради несоодветните уредувања на корисниците. Во интервју со Џими Вејлс и критичарот на Википедија Роберт Кокс, коментаторот Марк Глејсер вели:
„ | "Јас постојано слушам од моите читатели (од кои јас мислам повеќето се Википедијанци или поранешни Википедијанци) дека достигнувањето на неутрална гледна точка на Википедија е невозможно, секој си има своја сколоност и ја воведува на некој начин... Дали некој може да напише со неутралност? Нели секој има вметнато своја склоност?"[3] | “ |
Наводи
уреди- ↑
McHenry, Robert (2005-12-14). „The Faith-Based Encyclopedia Blinks“. TCS Daily. Посетено на 2008-10-12. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „Wikipedia: Neutral point of view“.
- ↑ Mark Glaser (2006-04-21). „Wales Discusses Political Bias on Wikipedia“. NPR. Посетено на 2007-10-27.