Рајска бура

(Пренасочено од Бура во рајот)

Рајска бура (шпански јазик: Tormenta en el Paraiso) е мексиканска теленовела. Серијата започна со снимање во последните месеци од 2007 година, додека својата премиера ја имаше на 27 ноември, и стартираше со солидни резултати со коишто и така заврши на 25 јули 2008. Во главните улоги се појавија Сара Малдонадо и Ерик Елиас, додека пак главната негативка во теленовелата ја играше популарната Маријана Сеоане.

Рајска Бура
Податотека:Tormentaenelparaiso.jpg
Жанрдрама
теленовела
Создадена одКаридад Браво Адамс
УлогиСара Малдонадо
Ерик Елиас
Маријана Сеоане
Хосе Луис Ресендез
Земја на потеклоМексико
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди185
Производство
Извршен продуцент(и)Хуан Осорио Ортиз
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал 2
Првично прикажување27 ноември 2007 – 25 јули 2008
Хронологија
СледбеникКлетва за љубов
Надворешни врски
Мрежна страницаesmas.com/tormentaenelparaiso/

Синопсис

уреди

1519. год Азак, свештеник на племето Маја дознава дека неговата ќерка Иксми ја предала својата љубов и телото на белец. Така ја издала својата судбина и спрема законите на племето, мора да биде жртвувана со боговите заедно со понудите во злато и големиот црн бисер. Налутениот Азак фрла страшна клетва: “Оној кој ќе го земе во рацете овој бисер, никогаш нема да биде среќен”! 1987. год Ернан Ласкано и Елисео Браво го истражуваат коралниот гребен Консумел и доаѓаат до фантастично откритие. Го пронаоѓаат црниот бисер кој 5 века лежел на дното морето. Кога Елисео ќе го допре бисерот, се ослободува клетвата на Азак и го обзема силна злоба, и ја предизвикува смртта на својот пријател Ернан. Смртта на Ернан ја остава неговата жена Анали и малолетната ќерка Ајмар во сиромаштво. Елисео го носи црниот бисер и златото во Веракрус, но и клетвата во себе. Дознава дека Марија Тереза, неговата жена, го напушта и му ги остава трите сина: Давид, Николас и Леонардо. Кога Елисео ќе се излечи од болката, со своето богатство, успева да направи сточарска фарма и е дадено името “Рај”. На никој не му го открива изворот на своето богатство, како ни измамата која ја предизвика преубавиот црн бисер. Поминуваат 20 години. Елисео живее со своите синови кои станале момци. Најстариот, Давид, е разочарување за Елисео, кој не покажува интерес спрема хациендата, па Елисео надежите ги гледа кај својот втор син, Николас, кој е успешен адвокат, и десна рака на татко му. Најмладиот син, Леонардо, е пречувствителен и негативен. Ајмар, ќерката на Ернан и Анали, пораснала во прекрасна, млада жена, горда на културата на своето племе Маја и на своите предци. Кога го запознава Николас, меѓу нив се раѓа силна љубов. Тогаш на сцената настапува Маура Дуран, бескрупулозната жена, која лажно се претставува под името Карина Росемберг. Носена со злоба, таа расплетува мрежа на лаги како би се дочепила до богатството на Елисео. Користејќи ги своите заводливи способности, ги заведува сите тројца браќа и ги превртува еден против друг. Ајмар се нашла во центарот на интригите на Маура и ќе биде одвоена од Николас. Но, љубовта помеѓу Николас и Ајмар не умрела. Ги чека очајничка и долга борба против малверзиите и проклетствата на Маура за црниот бисер. Нивното единствено оружје е љубовта која може да го победи времето и злото.

Улоги

уреди
Глумци Ликови
Сара Малдонадо Ајмар Лузкано Мају
Ерик Елиас Николас Браво
Маријана Сеоане Маура Дуран Линарес/Карина Росемберг
Ернесто Д’Алесио Леандро Браво
Алехандро Томаси Елисео Браво
Хосе Луис Ресендез Давид Браво
Ингрид Мартз Карина Росемберг/Сиренита
Хулио Камехо Хосе Мигел Диаз Луна
Ерика Буенфил Патси Сандовал

Прикажување на Балканот

уреди

Надворешни врски

уреди