Булевар „Марија Луиза“ (Софија)

 

Кнезинка Марија Луиза
Княгиня Мария-Луиза
Слика од булеварот во 2012 г.
Поранешни називи:„Георги Димитров“
Место:Низ Обориште, Преродба и Сердика

Буливар „Марија Луиза“ или „Кнезинка Марија Луиза“ (бугарски: Улица „Мария-Луиза“ / „Княгиня Мария-Луиза“) ― централен булевар во Софија.

Се протега од надвозникот Надежда до булеварот Витоша (што е негово продолжение во правец на Националната палата на културата), поминувајќи преку софискиот мост - Лавовскиот мост. Булеварот го носи името на Марија-Луиз Бурбон-Парма, сопругата на кнезот Фердинанд I. За време на народна република Бугарија булеварот се викал „Георги Димитров“.

Многу од најистакнатите места во Софија се наоѓаат кај булеварот и нејзината околина. На самиот булевар се наоѓаат Централните софиски сали, Централните универзални магазини, црквата „Света Недела“, џамијата „Бања Баши“, хотелот „Софија Хотел Балкан“.

На просторот на булеварот има многу други истакнати места и институции во Софија, како што се Претседателството, Советот на министри, зградата со канцелариите на народните претставници (поранешниот Партиски дом), Плоштадот „Кнез Александар Први“ итн. За време на 1890-тите работилницата на истакнатиот велешки социјалист Васил Главинов била сместена во булеварот Марија Луиза.[1]

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. МУвРБнМ, ПII