Буквален превод, директен превод или превод од збор до збор — превод на текст од еден јазик на друг, збор по збор (латински: verbum pro verbo).

Истражување на верноста

уреди

Во случајот на светите текстови, имало обиди за буквални преводи заради автентичност и верност на изворните текстови. Ова е на пример случајот со буквалниот превод на Библијата на англиски од изворните хебрејски и грчки текстови објавени во 1862 година од самоукиот шкотски библиски научник Роберт Јанг (1822–1888). Роберт Јанг во својот предговор пишува: „Словото Божјо е застарено поради традициите на луѓето“[1] .

Автоматски превод

уреди

Раните машински преводи (барем од 1962 година [2]) биле познати по овој вид на превод бидејќи тие едноставно користеле база на податоци на зборови и нивни преводи. Подоцна, имало обиди да се користа вообичаени изрази, со што се подобрила граматичката структура и биле вклучени идиоматските изрази, но со многу зборови оставени на изворниот јазик. За превод на синтетички јазици неопходни се морфосинтаксички анализатор и синтисајзер.

Најдобрите системи денес користат комбинација од горенаведените технологии и применуваат алгоритми за што поверно да дојдат до „природниот“ звук на преводот. На крајот на краиштата, професионалните преведувачки агенции кои користат машински превод го користат како алатка за создавање груб превод кој потоа се уредува од човечки, професионален преведувач.

Наводи

уреди
  1. „Young's Translation: Publisher's Note and Preface (La traduction de Young : note de l'éditeur et préface)“ (англиски). 1898. Посетено на 7 janvier 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. John Hutchins (juin 1995). "The whisky was invisible", or Persistent myths of MT“ (PDF) (англиски). MT News International. стр. 17-18. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-04-04. Посетено на 2023-06-26. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)