Бугарска пропаганда во Македонија и македонското прашање (труд)

Бугарска пропаганда во Македонија и македонското прашање (руски: Болгарска пропаганда в Македонии и македонский вопрос [1]) е научен труд објавен во 1899 година во Москва, Царска Русија. Авторот се потпишал со иницијалите Н. Д, според Христо Андонов Полјански творец на овој текст е Николај Николаевич Дурново [2]. Во трудот е акцентиран самобитниот развој на македонскиот народ, како и дејноста на Бугарската пропаганда во Македонија.

Николај Николаевич Дурново

Дурново укажал дека Бугарија се служи со Русите за да ги постигне своите цели. Тој ги обвинил Бугарите дека сакаат со руска поддршка да ја освојат Македонија, па дури и Цариград. Авторот истакнал дека:

Бугарите немаат право на неа (Македонија б.н) и се опираат само на правото на посилиниот. Тие се надеваат дека и тука ќе ја излажат Русија, за да им помогне да ја зграбат Македонија. Но, во Русија веќе од неколку години наваму се убедиле дека етнографските податоци, што ги даваат за Македонија, Егзархијата и бугарските шовинисти, се груб фалсификат, со што веќе четириесет години го тера во заблуда руското и евроспкото мислење [3]

Извори

уреди
  1. Н. Д., Болгарская пропаганда в Македонии и македонский вопрос. М.: тип. И.А. Баландина, 1899
  2. Христо Андонов - Полјански, Македонското прашање, Култура, Скопје, 1990, 55.
  3. Бьлгарски Преглед (София) V/VI (1899) 123-124.