Бугарско-турска спогодба од 1904
(Пренасочено од Бугаро-турска спогодба од 1904)
Бугарско-турската спогодба од 1904 година е спогодба меѓу Бугарија и Отоманското Царство, со која биле амнестирани учесниците во Илинденското востание и други политички затвореници од Македонија и Одринска Тракија.[1] Спогодбата е потпишана на 26 март 1904 година во Цариград.
Со спогодбата се предвидува нормализирање и подобрување на односите меѓу двете држави. Бугарија била задолжена да не дозволува формирање на чети на нејзина територија, функционирање на револуционерни комитети и внесување на оружје во Отоманското Царство, а Отоманското Царство да дозволи враќање на бегалците од Македонија и Одринско. За ослободителното движење во Македонија и Одринско најважна е пропишаната амнестија за учесниците во борбите со исклучок на гемиџиите.