Брокопондо (округ)

Брокопондо (холандски: Brokopondo) е округ во Суринам. Административен центар на окруогот е гратчето Брокопондо.

Брокопондо
Brokopondo
округ
Акумулација Брокопондо
Акумулација Брокопондо
Карта на Суринам со означен Брокопондо
Карта на Суринам со означен Брокопондо
ДржаваСуринам
Адм. центарБрокопондо
Површина
 • Вкупна7.364 км2 (2,843 ми2)
Население (попис 2012)
 • Вкупно15.909
 • Густина2,2/км2 (5,6/ми2)
Час. појасART (UTC-3)

Географија

уреди

Брокопондо се наоѓа во северниот дел на државата. Овој е еден од трите окрузи во Суринам кои немаат излез на море. Вкупната површина на округот е 7,364 км2.

На територијата на округот се наоѓа вештачкото езеро Брокопондо, во близина на Афобака.[1] Акумулацијата е изградена во период од 1961 до 1964 година. Оваа акумулација произведува електрична енергија, и истата е извор на скоро половина од потребите за електрична енергија во земјата.

Округот има густа шума, каде се наоѓаат голем број разновиден див свет. Во округот се наоѓаат и водопадите Ирене и Лео.

Население

уреди

Вкупното население на округот, според пописот од 2012 година, е 15.909 жители. Адинистративен центар на округот е Брокопондо, а покрај него во округот се наоѓаат и гратчињата Браунсвег и Квакугрон. Поради скорооткриениот рудник за злато на територијата на Брокопондо, во округот во скоро време има зголемен број на доселеници.

Ресорти

уреди
 
Ресортите во Брокопондо.

Брокопондо е поделен на 6 ресорти (второстепена административна поделба):

Наводи

уреди
  1. Брокопондо, Британика

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди

4°46′21″N 55°07′46″W / 4.77250° СГШ; 55.12944° ЗГД / 4.77250; -55.12944