Бриош
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Бриош е пециво кое потекнува од Франција и личи на многу богат леб. Се прави на ист начин како и обичниот леб. Големата содржина на јајца и путер овозможуваат бриош да има богат изглед и нежно да крцка, а тоа му овозможува да се најде на бројни трпези ширум Франција за време на појадок или ужинка.
Потекло на поимот
уредиИако постоеле многу дебати во брска со потеклото на зборот ,,бриош, денес е општо прифатено дека тој збор потекнува од францускиот глагол „broyer”.
Историја
уредиЗборот „бриош“ првпат бил употребен во францускиот јазик во 1404 година, кога е опишан како „зачинет леб“. Во Франција се развил како тип на леб, унапреден, од времето на старите готвачи и пекарници, со малку путер, јајца, шеќер итн. Се развил од обичен бел, црвеникав леб кој со тек на време станал квалитетен, а со самото тоа и поскап. Сè повеќе и повеќе добил значење во 18 век бидејќи тогаш маслото се користело во голема мера. Пекарниците во тоа време успеале да произведуваат и до 250 кг бриош дневно, за време на пазарни денови.
Состојки
уредиТесто
уреди- 40г квасец
- 500г брашно
- 100мл масло
- 50г шекер
- 2 јајца
- 200мл вода
- путер
- сол
Подготовка
уредиСе става квасец во сад, се додава шеќер, брашно и вода, се меша и се остава да одстои 15 минути. Се додава масло, остатокот од шеќерот и заедно со изматените јајца се меша, се покрива со крпа и се остава 20-25 минути за тестото да се удвои во големина. Потоа се зема тестото, се меси и се остава да преноќи во фрижидер, се разделува на еднакви делови, обликувани во топки. Од секој дел се плетат мали плетенки. Подготвениот бриош се става да се пече премачкувајќи го со стопен путер во загреана рерна на 220 °C околу 20 минути, 5 минути пред крај бриош се премачкува со јајца за пецивото да добие златна боја и сјај.
Послужување
уредиБриош може да се послужи самостојно или како прилог со разни десерти за доручек или ужинка. Освен тоа бриош има и други улоги во кујната и може да биде служен со главно јадење или вечера.