Брикта
Во гало-римската религија, Брикта или Брикста била галска божица која била сопруга на Луксовиј, богот на водите на Ликсеј-ле-Бен (во антиката, Луксовиум).[1] Николсон (1999), сепак предложул дека ако „Брикта е титула што го вклучува Бриг, таа всушност може да биде титула доделена на Сирона наместо посебна божица“.
Натписи
уредиБрикта е забележана во следните натписи од Ликсеј-ле-Бен:
- [Lus]soio / et Brictae / Divixti/us Cons/tans / v(otum) s(olvit) <l=T>(ibens) m(erito)
- „На Лусо(в)иј и Брикта, Дивиксиј Констанс слободно и заслужено го исполни својот завет“. (CIL 13, 05425)
- Luxovio / et Brixtae / G(aius) Iul(ius) Fir/manus / v(otum) s(olvit) l(ibens) m(erito)
- „На Луксовиј и Брикста, Гај Јулиј Фирманс слободно и заслужено го исполни својот завет“.
(AE 1951, 00231; CIL 13, 05426)
Етимологија
уредиОвој галски теоним е изведен од зборот брикстом или брикста што значи магија. Зборот се појавува и на натписот на Шамалиер. (Деламар стр. 76–77 со наводи и споредбена етимологија)
Наводи
уреди- ↑ Nicholson, Francine (1999). „Brighid: What Do We Really Know?“. Celtic Well. Архивирано од изворникот на 27 јануари 2012. Посетено на 22 мај 2022.
- Année Epigraphique ; том 1951 година.
- Corpus Inscriptionum Latinarum (CIL), том 13, Tres Galliae.
- Деламар, Х. (2003). Dictionnaire de la Langue Gauloise. 2. издание. Париз, Editions Errance. ISBN 2-87772-237-6