Бригада Одеса, или службено Одделна бригада за посебни намени „Одеса“ (руски: Отдельная бригада особого назначения «Одесса») или ОБрОН „Одеса“[1] — проруска милиција во Војната во Донбас. Потекнува како милитантна противмајданска група која се појавила во украинскиот град Одеса во 2014 година. Се појавила во рамките на проруското движење „Одеска дружина“ (Одесская дружина) кое било вклучено во судирите во Одеса во 2014 година. По овој настан, членовите на „Одеска Дружина“ (и други од Одеса и Русија) се преорганизирале во отцепничка милиција во Донбас, борејќи се во име на Луганската Народна Република во Војната во Донбас. Единицата била распуштена во јануари 2015 година, веројатно како резултат на меѓуотцепничките борби за моќ.

Бригада „Одеса“
Отдельная бригада особого назначения «Одесса»
Ознака на Бригадата „Одеса“
Активнаок. март/мај 2014 – јануари 2015
ЗемјаУкраина
Припадност Луганска Народна Република
БиткиВојна во Донбас

Наводи

уреди
  1. „Командир ОБрОН «Одесса», сдавшись боевикам «ЛНР», оправдывается и винит во всем Украину (видео)“ [Командантот на ОБрОН „Одеса“, откако им се предаде на милитантите на „ЛПР“, измислува изговори и ја обвинува Украина за сè (видео)]. informator.media (руски). 10 јануару 2015. Посетено на 14 јануари 2024. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)

Цитирани дела

уреди
  • Mareš, Miroslav; Laryš, Martin; Holzer, Jan (2018). Militant Right-Wing Extremism in Putin's Russia: Legacies, Forms and Threats. Абингдон на Темза: Routledge. ISBN 978-1032094472.