Бренда Џин Ендрјус (англиски: Brenda Jean Andrews; р. 1957 година) — канадски академик, истражувач и биолог, специјалист по системска биологија и молекуларна генетика. Ендрјус е моментално професорка и директорка на одделот за медицинско истражување на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Торонто Бантинг и Бест, каде што исто така и директорува со Ендрјус Лаб при Донели Центарот за клеточно и биомолекуларно истражување.[1] Препознатлива е по нејзините истражувања и публикации поврзани со генетиката и генетските пореметувања.[2] Во 2017, Ендрјус е назначена за универзитетски професор, највисок ранг на Универзитетот во Торонто.[3]

Ендрјус дипломира на Универзитетот Торонто по зоологија во 1980 година, а подоцна докторира по медицинска биофизика во 1986 година.[4] Во 1991 оди на пост-докторско обучување на Универзитетот Калифорнија, Сан Франциско под менторство на генетичарот Ира Херсковиц.[5] Подоцна се враќа на Универзитетот во Торонто за позициите како предавач и истражувал, па станува асистент професор и шеф на Одделот за медицинска генетика.[5] Во 2015 Ендрјус води тим на биолози на Донели Центарот при Универзитетот Торонто кои ја создаваат првата целосно детализирана белковинска мапа на клетка, што ги покажува локациите на сите белковини во една клетка - проект што е насочен кон помагање на зголемувањето и актуелизирањето на истражувањата за канцерозните клетки.[6][7][8] Истражувањето се состои од прибирање на информации од 20 милиони клетки.[9] Истражувањето на Ендрју е насочено кон покажувањето на комплексноста на еден ген и како истиот стапува во интеракција со повеќе гени.[1] Таа говори на неколку интернационални конференции, настани и на други универзитети. Бренда е фигура во искажувањето на загриженост поради недостатокот на научни истражувања финансирани од федералната власт и е поборник за зголемување на финансиите за лабораториски истражувања во Канада.[10]

Таа е основач и моментален главен уредник на отвореното научно списание Г3: Гени, Геноми, Генетика од Генетичкото друштво на Америка.[11]

Награди

уреди

Во декември 2015, Бренда Ендрјус е наградена со Орденот на Канада како Придружник, највисокото одликување на орденот, за нејзините придонеси во истражувањата по системска биологија и молекуларна генетика.[12] Ендрјус е избрана за член на Кралското друштво на Канада во 2005 и е добитник на бројни награди и членства поврзани со науките, вклучувајќи ги и членствата во Американското друштво за микробиологија, Американската асоцијација за напредок на науката и Канадскиот институт за напредно истражување каде што станува директорка на областа за генетичко истражување.[13] Во останатите награди се вбројуваат:

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Brenda Andrews – ideacity“. ideacity (англиски). Посетено на 10 January 2016.
  2. Hopper, Tristan. „Author Joseph Boyden among latest appointments to Order of Canada“. National Post. Postmedia Network. Посетено на 10 January 2016.
  3. Toronto, University of. „Complete List of University Professors“. www.provost.utoronto.ca (англиски). Посетено на 2018-03-26.
  4. „Donnelly Centre for Cellular and Biomolecular Research“. tdccbr.med.utoronto.ca. University of Toronto. Архивирано од изворникот на 2019-01-06. Посетено на 10 January 2016.
  5. 5,0 5,1 „Two Named to Canada's Highest Honour“. University of Toronto Faculty of Medicine. University of Toronto. Посетено на 10 January 2016.
  6. SEMENIUK, IVAN. „U of T scientists release first comprehensive protein map of a cell“. The Globe and Mail. The Globe and Mail. Посетено на 10 January 2016.
  7. Stone, Maddie. „First-Ever Protein Maps Will Help Scientists Understand What Makes Cells Healthy“. Motherboard (англиски). Vice Media, Inc. Посетено на 10 January 2016.
  8. Howe, Eric. „New map uncovers the traffic of life in a cell“. Phys.org. Посетено на 10 January 2016.
  9. 'Protein map' reveals traffic of life in a cell“. news.utoronto.ca. University of Toronto. Посетено на 10 January 2016.
  10. MCILROY, ANNE. „Proposed streamlining of Ottawa's lab-funding system worries researchers“. The Globe and Mail. Посетено на 10 January 2016.
  11. „2015 Editorial Board“. G3 Journal. Genetics Society of America. Архивирано од изворникот на 21 January 2016. Посетено на 10 January 2016.
  12. „Order of Canada Appointments“. The Governor General of Canada His Excellency the Right Honourable David Johnston. Governor General of Canada. Посетено на 31 December 2015.
  13. „Keynote speaker abstracts & biographies“. RECOMB/ISCB conference on Regulatory and Systems Genomics. International Society for Computational Biology. Посетено на 10 January 2016.
  14. 14,0 14,1 „Brenda Andrews : CIFAR“. www.cifar.ca. Canadian Institute for Advanced Research. Посетено на 10 January 2016.
  15. „Awards – Yeast“. www.genetics2016.org. Genetics Society of America. Архивирано од изворникот на 2017-11-07. Посетено на 10 January 2016.