Брегалнички народноослободителен партизански одред „Гоце Делчев“
Брегалнички народоослободителен партизански одред „Гоце Делчев“ е партизанска единица на Народоослободителната војска на Македонија.
Партизански одред „Гоце Делчев“ | |
---|---|
Активна | 19 мај 1943 - 21 мај 1943 |
Битки | НОБ |
Формиран е на 19 мај 1943 година во месноста Пчеларник, со само 8 души. Овој одред е создаден по препорака на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија и на Вера Ацева, која била член на комитетот и на оперативното раководство. Одредот тргнува кон планината Плачковица, но бугарската полиција ги пронаоѓа. На 21 мај во битка, одредот е разбиен. Во Битката загинуваат Ванчо Пркев, Тодор Арсов и Александар Митрев, а Гошо Сламков и Митко Ушински успеваат да избегаат. Ванчо Китанов, Никола (Коле) Нехтенин и Митко Цеков се уапсени, а потоа и убиени.[1]
Комесари
уреди- Тодор Арсов - политички комесар
- Ванчо Пркев - политички комесар
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 208.