Брајан Грин

Американски физичар

Брајан Грин роден на 9 февруари 1963 во Њујорк, САД е теоретски физичар,професор по математика и физика на Универзитетот во Колумбија кој е познат по теоријата на струните.[1]

Животопис

уреди

Американскиот физичар Брајан Грин е еден од водечките теоретичари на струните денес. Грин е роден во Њујорк во 1963 година, а работел на универзитетите во Хавард, Оксфорд, Корнел и Колумбија. Негов особен интерес е примената на идеите од теоријата на струните врз космолошките проблеми, вклучувајќи го и потеклото на вселената и природата на црните дупки.[1] Грин е најгласниот говорник за идејата на теоријата на струните.[1] Неговата книга Елегантна вселена била номинирана за Пулицеровата награда во категоријата нефантастика во 2000г,. а подоцна била адаптирана во телевизиска програма.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Општа наука (Енциклопедија за секое семејство и дом) – Младинска книга Скопје. Главен уредник Адам Харт-Дејвис.