Брана Илиќ (роден на 16 февруари 1985 година) е српски професионален фудбалер кој игра на позицијата како напаѓач. Моментално настапува за составот на Железничар од Панчево.

Клупска кариера

уреди

Земун и Рад

уреди

Илиќ своите први сениорски настапи ги имал со екипата на Земун кој се натпреварувал во Првата лига на Србија и Црна Гора 2003/4. Тој брзо се наметнал како редовен играч во првиот тим, постигнувајќи четири гола на вкупно 23 натпревари. За време на неговиот престој во екипата на Земун, Илиќ одиграл вкупно 93 првенствени натпревари и постигнал 14 гола.

Во зимскиот преоден рок во 2007 година, Илиќ се преселил во клубот од првата лига на Србија, во составот на Рад, каде ги поминал следните две години. Тој му помогнал на клубот да се квалификува во српската Суперлига во 2008 година.

Партизан и Војводина

уреди

На 9 јануари 2009 година, било објавено дека Брана Илиќ потпишал три и пол годишен договор со составот на Партизан.[1] Својот прв натпревар за клубот на Партизан го имал на 14 март, влегувајќи како замена во второто полувреме за играчот Ламин Диара. На тој натпревар екипата на Партизан победила со резултато од 2:0 против составот на Чукарички. Четири дена подоцна, на неговиот втор настап за екипата на Партизан, Илиќ го постигнал својот прв гол за клубот, со што неговиот тим победил со резултат од 1:0 на гостински терен против составот на Јагодина.[2]

На 1 јули 2010 година, било објавено дека Брана Илиќ потпишал договор на една плус една година со составот на Војводина.[3] Тој одиграл 44 настапи во сите натпреварувања и постигнал 15 голови за клубот, пред да го напушти Нови Сад во зимскиот преоден рок во 2012 година.

Казахстан, Грција и Унгарија

уреди

Во март 2012 година, Брана Илиќ се преселил во странство во Казахстан и потпишал со екипата на Актобе. Тој одиграл 10 натпревари и постигнал три гола во првата половина од Казахстанската Премиер лига во 2012 година. Во летниот преоден рок го напуштил клубот.

Во летото 2012 година, Брана Илиќ се приклучил на Суперлигашкиот грчки тим ПАС Џанина. Својот прв натпревар за клубот го одиграл на 25 август, играјќи цели 90 минути во нерешениот резултат од 0:0 од домашната лига против составот на Платанијас. На 7 октомври, Илиќ го постигнал својот прв гол за составот на ПАС Џанина во поразот на домашен терен со резултат од 1:2 од екипата на Паниониос. Својата прва сезона ја завршил како најдобар стрелец на клубот со 11 гола (10 во лигата). За време на неговиот четиригодишен претстој во екипата на ПАС Џанина, Илиќ одиграл вкупно 138 натпревари и постигнал 28 гола за клубот.[4]

На 2 август 2016 година, Илиќ потпишал двегодишен договор со клубот од Грчката фудбалска лига, составот на Арис од Солун. Договорот бил со клаузула од една година плус.[5] Својот прв гол за тимот го постигнал на 18 декември во победата од 3:2 над тимот на Трикала. На крајот од сезоната Брана Илиќ го напуштил Арис од Солун по само една сезона.

По пет години минати во Грција, Илиќ во јули 2017 година се преселил да игра во Унгарија и му се приклучил на клубот од лигата Немзети Бајноксаг II (втора лига на Унгарија) во составот на Кисварда. Тој му помогнал на тимот да се квалификува во Немзети Бајноксаг I лигата (прва лига на Украина) во неговата прва сезона, придонесувајќи со 10 гола во вкупно 35 настапи.

Репрезентација

уреди

На 18 март 2011 година, Илиќ го добил својот прв повик во репрезентацијата на Србија за квалификациите за УЕФА ЕВРО 2012 против селекциите на Северна Ирска и Естонија,[6] [7] но ниту на двата натпревари не влегол во игра. Сепак својот прв натпревар го одиграл на 3 јуни 2011 година на пријателски натпревар против репрезентацијта на Јужна Кореја.

Статистика во кариерата

уреди

Клупска статистика

уреди
Обновено на 3 декември 2021[8]
Одиграни натпревари во различни клубови и во различни натпреварувачки сезони
Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Други натпревари Вкупно
Лига Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Земун 2003–04 Прва лига на Србија и Црна Гора 23 4 2 0 25 4
2004–05 Прва лига на Србија и Црна Гора 28 7 1 0 29 7
2005–06 Прва лига на Србија и Црна Гора 27 2 2 0 29 2
2006–07 Српска Суперлига 15 1 1 0 16 1
Вкупно 93 14 6 0 99 14
Рад 2006–07 Српска прва лига 16 9 0 0 2 0 18 9
2007–08 Српска прва лига 29 6 1 0 4 2 34 8
2008–09 Српска Суперлига 14 1 2 0 16 1
Вкупно 59 16 3 0 6 2 68 18
Партизан 2008–09 Српска Суперлига 11 2 2 0 0 0 13 2
2009–10 Српска Суперлига 22 3 2 0 9 3 33 6
Вкупно 33 5 4 0 9 3 46 8
Војводина 2010–11 Српска Суперлига 22 6 4 0 26 6
2011–12 Српска Суперлига 13 7 3 1 2 1 18 9
Вкупно 35 13 7 1 2 1 44 15
Актобе 2012 Казахстанска Премиер Лига 10 3 0 0 0 0 10 3
ПАС Јанина 2012–13 Супер лига На Грција 35 10 4 1 39 11
2013–14 Супер лига на Грција 34 5 2 0 36 5
2014–15 Супер лига На Грција 31 7 2 1 33 8
2015–16 Супер лига На Грција 27 4 3 0 30 4
Вкупно 127 26 11 2 138 28
Арис Солун 2016–17 Фудбалска лига на Грција 31 8 0 0 31 8
Кисварда 2017–18 Немзети Бајноксаг II 35 10 2 0 37 10
2018–19 Немзети Бајноксаг I 30 4 5 2 35 6
Вкупно 65 14 7 2 72 16
Инѓија 2019–20 Српска Суперлига 26 3 1 0 27 3
2020–21 Српска Суперлига 23 0 0 0 23 0
Вкупно 49 3 1 0 50 3
Вкупно во кариерата 502 102 39 5 11 4 6 2 558 113

 

Меѓународни натпревари

уреди
Настапи и голови во репрезентација по година
Репрезентација Година Натпревари Голови
Србија 2011 година 1 0
Вкупно 1 0

Признанија

уреди
Партизан

Наводи

уреди
  1. „Brana Ilić otvorio sezonu“ (српски). partizan.rs. 9 January 2009. Посетено на 9 January 2009.[мртва врска]
  2. „Branina "praćka" iz blata!“ (српски). partizan.rs. 18 March 2009. Посетено на 18 July 2011.[мртва врска]
  3. „Brana Ilić novi 'Lala' (српски). partizan.rs. 1 July 2010. Посетено на 1 July 2010.[мртва врска]
  4. „Τέλος και οι Ίλιτς, Στρούνα από τον ΠΑΣ Γιάννινα“ (грчки). sport24.gr. 14 June 2016. Посетено на 14 June 2016.
  5. „Πήρε τον Ιλιτς ο Αρης“ (грчки). contra.gr. 2 August 2016. Посетено на 4 August 2016.
  6. „Pižon vratio Pantelića, pozvao Branu Ilića!“ (српски). mondo.rs. 18 March 2011. Посетено на 8 April 2011.
  7. „Debituju Šaranov i Ilić“ (српски). rts.rs. 18 March 2011. Посетено на 8 April 2011.
  8. Брана Илиќ на soccerway

Надворешни врски

уреди