Боро Кимовски, универзитетски професор по математика, роден на 21 декември 1929 година во Битола, починал на 24 март 1971 година во Битола.[1]

Боро Кимовски

Завршил средно образование во битолската гимназија Јосип Броз Тито, а потоа завршува Природно-математички факултет во Скопје. Професорот Кимовски бил во првите генерации пост воени професори по математика кои завршиле на Природно-математичкиот факултет.[2]

Како младинец бил доста активен и учествувал на младинските акции во тогашна Југославија: изградба на пругата Брчко-Банович, Шамац-Сараево и Маврово во подигнување на браната на езерото.

Во својот краток животен век една година работел во село Кукуречани, од 1957 до 1961 година бил професор по математика во учителската школа „Браќа Миладиновци" во Битола. Од 1961 до 1964 бил советник по математика во Заводот за унапредување на предучилишното и основно образование.

Од 1964 година до неговата смрт на 24 март 1971 година предавал математика на Педагошката академија Архивирано на 22 јануари 2021 г. во Битола.

За неговото дело пишувано е и во кината насловена „Светли ликови на просветни работници Архивирано на 13 септември 2016 г.“ на Ѓорѓи Лазаревски. Се работи за биографски приказни кои што авторот ги собрал во историскиот архив, тоа се значајни податоци кои што во иднина би служеле.

Боро Кимовски, бил семеен човек кој се оженил со Елисавета Бадева. Во бракот имаат две деца, високообразовани син Бранко и ќерка Марина, како и три внуки Мартина Кимовска, Марија Мустрик и Ирена Стефановска.

Наводи

уреди
  1. Кимовски, Боро. „Професор по математика“.
  2. Кимовски, Боро. „Список на професори по математика, Природно-математички факултет“ (PDF).