Борис Велевски
Борис Петков Велевски (15 февруари 1921 во Беранци, Битолско — 18 ноември 1944 во Штипско) — македонски партизан, учесник во НОБ.
Животопис
уредиБорис Петков Велевски е роден во селото Беранци. По занимање бил земјоделец. Во НОБ доброволно се придружил на 1 септември 1944 година. Припаѓал на четиринаесеттата македонска бригада. Учествувал во повеќе борби кај Кочани и Берово. Загинал во борба против окупаторот во Штипско на 18 ноември 1944 година.[1]