Борисова градина
(Пренасочено од Борисова градина (Софија))
42°40′47″N 23°20′29″E / 42.67972° СГШ; 23.34139° ИГД
Борисова градина - најголем парк кој се наоѓа во градот Софија, Бугарија.
Во минатото, оваа градина се наоѓала во периферијата на градот, но денеска е дел од градот. Денеска овде се наоѓаат стадион Васил Левски и стадионот Бугарска армија. Во почетокот местото било познато како Расадник или Цариградска градина, а во времето на комунизмот како Парк на слободата. По падот на комунизмот, името на паркот повторно било преименувано според бугарскиот цар Борис III.