Блекпулска плимска оргула

Плимската оргула (изворно на англиски: High Tide Organ) — оргула која свири на плима, висока 15 метри и изградена во 2002 година, како дел од низата скулптури „Големото шеталиште“, сместени покрај Новото шеталиште во Блекпул.[1] во Обединетото Кралство. Уметничкото дело, опишано како „музичка манифестација на морето“, е едно од неколкуте примери на плимска оргула; други се Брановитата оргула во Сан Франциско[2] и Морската оргула во Хрватска.

Високоплимската оргула во Блекпул гледана од нејзината страна

Скулптурата е дизајнирана од уметниците Лијам Куртин[3] и Џон Гудинг,[4] и е конструирана во бетон, челик, цинк и бакар.[5] Искористувањето на брановата енергија и обликувањето на бетонот и металите се вели дека создаваат уникатно толкување на природните и вештачки околини на Блекпул.

Инструментот свири преку морето на плима низ осум цевки прикачени на морскиот ѕид. Овие се поврзани под шеталиштето со 18 оргулски цевки во самата скулптура. Навлегувањето на морската вода за време на плима, го притиска воздухот и предизвикува оргулските цевки да прават звук. Најдобро време да се слушне Плимската оргула е два до три часа пред и после плимата. На многу смирени денови оргулата е тивка на моменти на нејзиниот циклус. Тонската висина на цевките се засновани на хармоничната низа на Ха-дур.

Плимската оргула е една од мала група музички инструменти кои функционираат без понатамошна интервенција на човекот, меѓу кои најистакнати се еолската харфа и ветерните камбанки

Наводи уреди

  1. „Art to listen out for“. Blackpool Council. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 6 јуни 2020.
  2. San Francisco's Wave Organ Архивирано на 2 мај 2016.
  3. „Artist's page for Blackpool High Tide Organ“. Liam Curtin. Посетено на 6 јуни 2020.
  4. „Investee and Award Directory“. NESTA. Посетено на 6 јуни 2020.[мртва врска]
  5. Lancashire Evening Telegraph. (14 јуни 2002). New organ will be played by the sea. Архивирано на 5 октомври 2008.. Newsquest Media Group. Посетено на 6 јуни 2020.

Надворешни врски уреди