Благој Чушков роден во 1936, во Штип, Македонија — македонски вајар.[1]

Благој Чушков
Роден 1936
Штип,  СФРЈ
Националност Македонец
Занимање вајар

Благој Чушков е веројатно еден од најенигматичните вајари и сликари на македонската современа уметност. Како вајар со исклучителен авторски идентитет, неговите дела се дел од бројни приватни и галериски збирки ширум светот. Иако врвен претставник на македонското модерно вајарство, неговите вајарски творби не се соодветно излагани и приопштени во македонските национални галерии, музеи и институции. Оттаму произлегува урбаниот мит за Благој Чушков, мит чијшто наратив го претставува него како оригинален, неповторлив, уникатен и фасцинантен вајар кој не се вклопува во канонскиот систем на вредности. Опусот на Чушков ги актуализира, од една страна, природните, човечките и традиционалните убавини, а од друга ги потенцира социјалните аномалии. Тој опус е толку богат што може да се чита како енциклопедија. Во него има изобразби на бројни човечки фигури, особено жени, мајки,светци, ангели, бегалци, играорци, музичари, свирачи (трубачи, тромбонисти, контрабасисти, кавалџии) потем животински фигури (мачки, кози, бикови, овци, коњи, гулаби, петли), сите фатени во лет, во движење, во преобразба, значи изразито динамично, со тенденција да се деформираат до степен на гротескност. Неговата колекција на теракотни птици, на пример, е естетизирана збирка на ретки ендемски орнитолошки визии на архетипот на птицата, визуелно богати, тактилно податливи и секоја како да е свет за себе.[2].

Наводи

уреди