Битолски срез
Битолски срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија, Кралството Југославија.
Организација и население
уредиКралство Србија
уредиПосле Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Битолскиот срез припаѓал на Битолскиот округ, заедно со Кичевскиот, Крушевскиот, Мариовскиот, Преспанскиот и Прилепскиот срез. Како центар на срезот бил градот Битола. Во 1913 година тој имал 16 општини, со 79 села, еден град и 10 манастири. Градското населние изнесувало 48.370, додека селското население изнесувало 34.192 жители.[1]
Број | Име на
општината |
Број
на села |
Колку часови е оддалечена
општината од Битола |
Жители |
---|---|---|---|---|
1 | Барешанска | 6 | 2:30 | 1851 |
2 | Брусничка | 4 | 1 | 2179 |
3 | Буковска | 5 | 0:30 | 1892 |
4 | Велушинска | 5 | 3:30 | 3124 |
5 | Драгошка | 1 | 3:30 | 670 |
6 | Ивањевска | 11 | 4:30 | 4127 |
7 | Ѓаватска | 7 | 4 | 3938 |
8 | Логовардска | 3 | 1:30 | 1045 |
9 | Маловишка | 1 | 5 | 1629 |
10 | Магаревска | 2 | 2 | 1851 |
11 | Могилска | 11 | 2:30 | 3475 |
12 | Негочанска | 1 | 1:30 | 550 |
13 | Нижопољска | 1 | 1:30 | 1028 |
14 | Секиранска | 8 | 3:15 | 2012 |
15 | Струговска | 11 | 5:30 | 2974 |
16 | Трновска | 2 | 1:30 | 1847 |
Кралство СХС
уредиВо 1921 година, срезот имал 13 општини и еден град. Градот Битола имал 28.420 жители, а битолската околина имала 27.000 жители. Тоа е намалување од 27.142 жители (во однос на пописот 1913 година), како последица од Првата светска војна.
Јазик
уредиВо градот Битола 56% од населението говорело српски или хрватски[2], додека 21% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во битолската околина 80% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил арнаутскиот[3] (13%).[4]
Јазик | Битолска околина | Град Битола | Вкупно | % |
---|---|---|---|---|
Српски или хрватски | 21606 | 15958 | 37564 | 67.78 |
Турски | 1070 | 6025 | 7095 | 12.80 |
Арнаутски | 3619 | 1801 | 5420 | 9.77 |
Цинцарски | 696 | 1149 | 1845 | 3.32 |
Други | 9 | 3487 | 3496 | 6.33 |
Религија
уредиВо градот Битола 62% од населението било православно, 28% биле муслимани, додека 9% биле евреи. Од другата страна пак, во битолската околина 83% биле православни и 18% биле муслимани.[5]
Религија | Битолска околина | Град Битола | Вкупно | % |
---|---|---|---|---|
Православни | 22275 | 17577 | 39852 | 71.90 |
Муслимани | 4725 | 7928 | 12653 | 22.83 |
Евреи | 0 | 2640 | 2640 | 4.76 |
Други | 0 | 275 | 275 | 0.51 |
Кралство Југославија
уредиВо 1931 година, Битолскиот срез имал 13 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска бановина. Вкупното градско население било 33.024, додека селското население било 32.140. Целиот срез имал 65.164 жители. Како православни се изјасниле 76% од жителите, додека како муслимани 17%.[6]
71% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки[7], 8% говореле на арнаутски[3] и 20% на други јазици (турски и ладино).
Наводи
уреди- ↑ Речник на местата во ослободената област Стара Србија по службени податоци. Белград: Мил. Ант. Вујиќ. 1914.
- ↑ Македонскиот јазик бил сметан за српски.
- ↑ 3,0 3,1 Албанскиот јазик бил заведен како арнаутски.
- ↑ „Дефинитивни резултати, попис 1921“ (PDF).
- ↑ http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
- ↑ http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
- ↑ Во иста графа.