Битлси: Осум дена во неделата

Битлси: Осум дена во неделата (англиски: The Beatles: Eight Days a Week – The Touring Years) – британско-американски документарен филм од 2016 година, во режија на Рон Хауард, а според сценариото на Марк Монро и П. Г. Морган.

Битлси во август 1965 година на нивната прес-конференција на Метрополитен стадион во Блумингтон, Минесота

Содржина

уреди

Во филмот се прикажуваат деновите од создавањето на „Битлси“, со нагласок на годините 1963-1966, кога групата доживеала незапаметена светска слава. Во филмот, членовите на групата и бројни други музичари, новинари и глумци зборуваат за големата еуфорија поврзана со нивните плочи и концерти, за притисокот на славата, за повремените кризни настани итн. На свој уникатен начин, режисерот одговара на прашањето: како „Битлси“ се носеле со славата и притисокот? Во филмот се прикажани делови од оригинални интервјуа, архивски снимки и настапи во живо.[1]

Наводи

уреди