Битка кај Урук
Битката кај Урук била една од решавачките битки со кои кралот Саргон Велики од Акад го покорил Сумер. Единствените податоци за ова битка ги дознаваме од препишан напис во Нипур. Годината на одигрување на битката е приближна, и не се знае со сигурност.[1] Во походот на Сумер, Саргон го нападнал градот Урук и го опустошил. Преживеаните избегале од градот и им се приклучиле кон другите војски од педесетте сумерски покраини под водство на кралот Лугалзагеси од Ума за да му се спротивстават на Саргон. Оваа жестока битка се случила околу 2271 п.н.е., и во неа војските на Лугалзагеси претрпеле тежок пораз.[2] По судирот бил заробен и самиот Лугалзагеси, па доведен во Нипур „со оглавник како на куче“.[3]
Битка кај Урук | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Саргоновиот поход на Сумер | |||||||
Сумер |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Акад | Сумерски покраини | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Саргон Велики | Лугалзагеси | ||||||
Сила | |||||||
Несигурно, но веројатно околу 5.000 | Непознато | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
Непознато | Непознато, но голем број |
Наводи
уреди- ↑ Kuhrt, Amélie, The Ancient Near East: C.3000-330 B.C., Routledge 1996 ISBN 978-0-415-16763-5, стр. 49 [1]
- ↑ La storia, Enrico Cravetto, Rotolito Lombarda, 2007 Instituto Geografico De Agostini S.p.a., стр. 281
- ↑ Rice, Michael, The Archaeology of the Arabian Gulf, Routledge, 1994, ISBN 978-0-415-03268-1, стр. 106 [2]